Таг: премиер лига

Поранешен играч од Премиер лигата работи на брод

Кевин Кајл бил репрезентативец на Шкотска кој до минатата година активно играл фудбал. Но парите наместо да ги носи дома ги оставал на коцка и сега за да го прехрани семејството чисти за неделна плата од 400 фунти.

Премиерлигашите истрчале скоро 2.500 км во Бразил

Англичаните се стандардно лузери на Светските првенства, но затоа за пофалба се играчите од нивната лига кои заедно на ова првенство настапиле повеќе од 16 дена. Фудбалерите со најголема минутажа и километража на Мундијалот се оние на Челси.

Отпуштањето на Мојс не смени ништо

И со него и без него Манчестер Јунајтед не мрдна погоре од седмото место и по долги години нема да го гледаме на ниту едно европско натпреварување. Тренерските промени не носат резултати и во многу други вакви случаи.

Сезона во знакот на Манчестер Сити и Ливерпул

Спортскиов викенд ќе биде осиромашен без Премиер лигата па затоа е време за краток осврт. Во центарот на вниманието беше кутриот Мојс, шоуменот Мурињо, спасителот Пулис, рекордерот Суарез и неговиот Ливерпул, шампионскиот тим на Пелегрини...

Ди Канио лузер, Пулис херој

Сезонава во Премиер лигата девет клубови направија тренерска смена, а само Фулам го менуваше тренерот два пати. Петмина од нив освоија повеќе бодови од своите претходници.

Трката за титула во Англија

По 25 промени на лидерската позиција, англиската Премиер лига доби нов шампион кој оваа сезона на првото место на табелата беше само 14 денови. Како изгледаше трката за титулата во Премиер лигата во само еден гиф.

Навивачите на Ливерпул живеат пократко

Нервозите за разочарувањата кои им ги приредуваат омилените клубови го земаат данокот кај навивачите.

Математиките за титулата во Премиер лигата

Фудбалерите на Ливерпул викендов се подготвуваа да ја прослават титулата, но математиките им ги расипаа Жозе Мурињо и Челси, па сега најголеми шанси за трофејот има Манчестер Сити. Кој, кога и како може да ја освои Премиер лигата?

Најдобрите од Премиер лигата

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез е избран за најдобар фудбалер на годината, а за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата е прогласен Еден Азар од Челси.

Премиер лигата е малер

Предупредување за менаџерите во Премиер лигата. Ако ве викнат на сликање за промоција на новата сезона, никако да не одите!

Шпионски скандал во Премиер лигата

Екипата на Кардиф побара од Премиер лигата да го поништи нивниот пораз од Кристал Палас затоа што противникот ја шпионирал нивната екипа.

Не се исплати да ги гледаш Арсенал и Тотенхем

Навивачите на Тотенхем и Арсенал плаќаат најмногу пари за секој гол на нивниот тим што ќе го видат на домашен терен, а според бројот на голови најисплатливи се сезонските карти на Манчестер Сити.

И Мојс е разочаран од себеси

Не се само навивачите на Манчестер Јунајтед разочарани од наследникот на Алекс Фергусон. И самиот Дејвид Мојс си призна дека правел грешки и мора да преземе дел од вината за слабите резултати на англискиот шампиони.

Фудбалот заостанува зад американските спортови

Фудбалот можеби е најпопуларен спорт во светот, но кога станува збор за пари, дури ни најбогатата лига на светот не може да се мери со американските спортови.

Историјата на ривалството меѓу Манчестер и Ливерпул

По заминувањето на Фергусон, Манчестер Јунајтед никако да излезе од калта и реди порази, но ниту еден пораз не болеше како последниот од најголемиот ривал Ливерпул. Ривалството на фудбалските терени и надвор од нив трае 120 години.

Дрога, разводи и банкрот во фудбалот

Не е секој фудбалер Руни со договор од 300.000 фунти неделно и ги нема секој истите мераци како Роналдо со 17 милиони евра годишна плата и Ирина Шејк по дома. Овој спорт во некои куќи носи проблеми со пари, депресија, болести и разводи.

Загубата на Премиерлигашите во случај на елиминација од ЛШ

Четирите осминафиналисти од островот имаа очајна прва рунда во нокаут фазата од Лигата на шампионите без ниту една победа, но и во најлош случај никој да не избори пласман во следната фаза тоа нема силно да им се одрази.

Шпанските клубови против премиерлигашите

Поучени од лошото искуство од минатото, шпанската Примера ќе ги спречува младите играчи да ја напуштат земјата со спуштање на старосната граница за потпишување на договори.

Газдата на Кардиф недозволено ветувал бонуси

Повторно нашиот офсајд лик на годината се најде во медиумите заради лоши вести. Премиер лигата ќе започне истрага против Винсент Тан заради сомневањето дека на неговите фудбалери им нудел бонуси.

Клади се на отказот на Мојс

По последниот неуспех на Манчестер Јунајтед со поразот на гостувањето кај Олимпијакос во Лигата на шампиони, коефициентот на отказот на Дејвид Мојс почна драстично да паѓа.

Навивачите на Манчестер Сити најмалку романтични

Дури 34% од фудбалските навивачи во Англија повеќе би сакале да добијат честитка од својот омилен клуб отколку од девојката за Валентајн.

Премиерлигашите не му веруваат на својот подмладок

Англиските клубови во однос на топ 5 европските лиги заработуваат најмногу пари од тв правата и со тоа лесно си дозволуваат скапи трансфери. Но почнаа да ги забораваат своите младинци кои често ги праќаат во помалите клубови.

Премиерлигашите потрошија рекордни 760 милиони фунти

Во земјата каде што се вртат најголемите пари во фудбалот и каде клубовите го делат најголемиот колач од тв правата, постојано се рушат рекорди. Во јануари освен скапиот трансфер на Хуан Мата немаше нешто спектакуларно, но се случи нов рекорд.