Историјата на ривалството меѓу Манчестер и Ливерпул

По заминувањето на Фергусон, Манчестер Јунајтед никако да излезе од калта и реди порази, но ниту еден пораз не болеше како последниот од најголемиот ривал Ливерпул. Ривалството на фудбалските терени и надвор од нив трае 120 години.

Манчестер и Ливерпул се оддалечени на 50 километри и во минатото биле само делови од руралниот Ланкашир, но целосно индустриската револуција целосно ги преобразила во текот на 19-от век.

Ливерпул се развил со бродоградилишта и увоз на роба од прекуокеански територии, а Манчестер станал главен град во светот на текстилната индустрија.

Во тоа време Ливерпул имал поголем престиж. Тој град бил центарот на финансиите, трговијата и осигурителните куќи, а во Манчестер живееле работниците.

Пругата помеѓу овие два грда биле прва меѓуградска железница на светот и преку неа се пренесувала робата. Најчесто тоа бил памук кој пристигнувал со бродови во Ливерпул и се пренесувал во фабриките во Манчестер.

Но на жителите на Манчестер им дошло преку глава од царината и високата цена на превозот кој им го наплаќале во Ливерпул и решиле да си изградат свој канал преку кој бродовите ќе можат да пристигнуваат во нивниот град.

Од тогаш бродот е дел од грбот на Манчестер, а го има и на логоата на Манчестер Јунајтед и Сити.

Отворањето на каналот ја променил економијата во градовите. Манчестер го презел приматот, а Ливерпул почнал да губи голем дел од заработката. Од тука се раѓа и ривалството меѓу градовите кое е најава за фудбалското ривалство.

Како резултат на опаѓањето на традиционалната индустрија, во 70-те години од минатитот век, започнува и опаѓањето на економската сила на двата града.

Манчестер

Но Манчестер побргу се прилагоди на пос-индустриската ера и се разви во деловен и медиумски центар. Тој град повеќе се „европеизираше" во стилот на Лондон, а Ливерпул на некој начин се „затвори" сам во себе. Граѓаните на Ливерпул се гордееја на историјата и архитектурата наместо да гледаат на иднината и новите идеи.

Ливерпул

Во истиот период во 80-те години заврши и фудбалската доминација на Ливерпул, по што водството го презеде Манчестер Јунајтед со Алекс Фергусон.

Во последно време двата градови повторно доживуваат раст и имаат се поголем раст во светот. Манчестер беше домаќин на Комонвелт игрите во 2002-та година, а во 2006-та Ливерпул беше европски град на културата.

Но се уште постои разлика во економската моќ. Манчестер привлекува повеќе инвестиции, а Ливерпул има многу поголем број на невработени. Затоа и навивачите на Манчестер Јунајтед ги тролаат своите ривали кога на нивната химна "You'll Never Walk Alone" тие пеат "You'll Never Get a Job".

А фудбалското ривалство трае 120 години и 190 одиграни натпревари. 75 ги доби Манчестер Јунајтед, 63 победи има Ливерпул, а 51 дуел завршија нерешено.