Дваесетте клубови од Премиер лигата, според ревизорската куќа Делоит, во сезоната 2012/13 инкасирале 2,4 милијарди фунти (4 милијарди долари). Овие бројки претставуваат рекорд за Англичаните, а воедно оваа лига е и најбогата фудбалска лига во светот, но дури и тие заостануваат зад американските спортови во поглед на приходите.
Екипите од НБА лигата оствариле приход од 4,6 милијарди долари, а во 2013-та година за МЛБ лигата се очекуваат приходи од 8 до 8,5 милијарди долари. Најбогата лига е НФЛ со приход од 9 до 10 милијарди.
Единствено американската хокеј лига заостанува зад Премиер лигата со приходи од 3,3 милијарди долари.