Мечот од Главната бејзбол лига (MLB) меѓу Синсинати Редс и Питсбург Пајретс беше прекинат поради масовна тепачка која што ја започна играчот на Редси, Емир Гарет кој тргна сам на цела противничка клупа. Причина за тоа бил инцидентот неколку минути претходно кога Кеоне Кела од Пајретс со топка го удрил во глава противничкиот играч Дерек Дитрих.