Тепачка каква не се памети во најсилната бејзбол лига во САД

Мечот од Главната бејзбол лига (MLB) меѓу Синсинати Редс и Питсбург Пајретс беше прекинат поради масовна тепачка која што ја започна играчот на Редси, Емир Гарет кој тргна сам на цела противничка клупа. Причина за тоа бил инцидентот неколку минути претходно кога Кеоне Кела од Пајретс со топка го удрил во глава противничкиот играч Дерек Дитрих.

„Не можам да кажам што се случи на крај, лошо се понесов. Но работата не е до безјбол, работата е во одбрана на моите другари од екипата. Спремен сум на каква било казна, ја преземам целата одговорност за инцидентот. Се извинувам за своите дејствија, во жарот на борбата некогаш е така“, рекол Гарет.

Откако продолжил мечот, на крајот славеа Питсбург Пајретс со 11:4.

1 август 2019 - 10:31