Таг: синсинати

Најјаките 4 минути од последниот сет на финалето во Синсинати

Тој што синоќа одлучил да си легне и да не останува до ниедно време за мега дуелот меѓу Ѓоковиќ и Алкараз, нека се посвети на клипов. На 34-35 степени (филс лајк 37), играа атомски тенис до исцрпување за секој поен. Младост и полетност против дрскост и искуство. На 36 години Новак му одигра на Карлос (20) како машина, до крај. Неверојатна борба.

Сензацијата на Чориќ против Надал во 4 минути

Само двајца тенисери во светот имаат позитивен биланс против Рафаел Надал на пет или повеќе меча. Првиот е Новак Ѓоковиќ (30:29), а од синоќа втор е Борна Чориќ (3:2).

Мајсторе кај ја стави камерата на сред терен

Во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати гледавме руско дерби меѓу Рубљев и Медведев. Првиот фаворит на турнирот и втор тенисер на светот, Медведев во еден момент се удри и ја преврти камерата која беше веднаш позади него. Среќа сите поминаа добро. Судијата се симна да праша како се, а Данил бараше да ја тргнат камерата од тука.

Мајсторски дроп шот кој не може да помине без аплаузи

Конечно нешто добро и сериозно од несериозниот Беноа Пер, роден за кавги со судиите. На Мастерсот во Синсинати, Французинот го елиминираше Денис Шаповалов, а во еден момент му зема поен со страшен спин и го принуди да му честита за ремек делото.

Те збуни а?

Роберто Баутиста го совлада Френсис Тиафо и обезбеди осминафинале на Синсинати, но во еден момент промаши зицер, веројатно збунет од неочекуваниот мангупски и атрактивен потег на Американецот.

Тепачка каква не се памети во најсилната бејзбол лига во САД

Мечот од Главната бејзбол лига (MLB) меѓу Синсинати Редс и Питсбург Пајретс беше прекинат поради масовна тепачка која што ја започна играчот на Редси, Емир Гарет кој тргна сам на цела противничка клупа. Причина за тоа бил инцидентот неколку минути претходно кога Кеоне Кела од Пајретс со топка го удрил во глава противничкиот играч Дерек Дитрих.

Ѓоковиќ стана прв во историјата што ги освоил сите Мастерси

Српскиот тенисер конечно по пет обиди успеа да го освои Мастерсот во Синсинати, откако со 6:4, 6:4 го совлада Роџер Федерер и направи неверојатен подвиг со кој уште повеќе ја засили дебатата кој е најголем на сите времиња.