Во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати гледавме руско дерби меѓу Рубљев и Медведев. Првиот фаворит на турнирот и втор тенисер на светот, Медведев во еден момент се удри и ја преврти камерата која беше веднаш позади него. Среќа сите поминаа добро. Судијата се симна да праша како се, а Данил бараше да ја тргнат камерата од тука.