Ѕвездите на една од најсилните лиги во светот воопшто не се штеделе на терените во Бразил и за време на Светското заедно истрчале точно 2489,9 километри.
Споредено по клубови со 436,3 км најмногу истрчале фудбалери на Челси, а меѓу нив на прво место е Оскар со поминати 70,6 км. Втор во оваа конкуренција е Манчестер Јунајтед со 325,5 км, а по него Арсенал со само 5 км помалку.
Меѓу колегите од англиското првенство, најголема километража остварил стоперот на Манчестер Сити, Пабло Забалета кој со Аргентина стигна до финалето и помина 79,1 км. Веднаш по него е Озил кој за Германија истрчал 73,2 км.
На првата позиција со најмногу поминато време на терен повторно е Челси чии играчи поминале 4.123 минути на Мундијалот. Втор е Арсенал со 3.019, а фудбалерите на Манчестер Сити имаат само пет минути помалку од нив.
Човекот со најмногу истрчани километри најмногу се изнаиграл во Бразил со 720 минути на терен. Втор е Озил, а по него следуваат бекот на Холандија и Астон Вила, Рон Влар со 690, Озил со 665, па првиот чувар на голот на Бразил и КПР, Жулио Цезар со 660 минути.
Екипата со најмногу играчи кои го подигнаа Златниот пехар се „Топџиите“, а од таму се Озил, Подолски и Мертезакер. Со најмногу претставници може да се пофалат „Црвените ѓаволи“, вкупно 15 кои во Бразил одиграа 2792 минути.