Таг: полиција

Бесплатни книги за Британците кои се во притвор

Ако веќе мораш да поминеш некое време во притвор, па уште и ако ти го земат мобилниот, сигурно е некоја утеха ако ти дадат барем да читаш. И замислете, на ваква благородна идеја дошол еден - полицаец!

Како автомобилите ја создадоа полициската држава

Teшко да има поинтересно сопирање од првото кое е забележaно во историјата на САД, кога полицаецот Вилијам Вест го сопира ( и го апси!) Улис С. Грант, на улица број 13 во Вашингтон, 1872 година. Пазете ова: Вест е црнец а Грант е тогаш актуелниот претседател на САД.

Црно им било пишано

Потполно бизарен случај, човеков е терапевт, работи со аутистичен пациент, го упуцуваат затоа што некој пријавил ненормално однесување (на пациентот кој е аутистичен).

Тајната на украдениот пехар од ЛШ на Астон Вила

Најдрагоцениот трофеј во Европскиот фудбал стигнал во Бирмингем, но една вечер го снемало од паб во Вест Мидлендс. Три децении подоцна следува приказната како два полициски тима го освоиле пехарот.

Полицајци во пределот на сликарството

Ејми Херман е историчарка на уметност, но таа држи курсеви за визуелно „описменување" на голем број професии кои немаат директна врска со уметноста - полицајци, бизнисмени, болничари. Сега има и нова книга.

Апсења во Турција, политика или спорт?

Турската полиција денес привела 38 лица кои се сомничат дека „ја наместиле управата на Фенербахче" во периодот на истрагата за корупција пред 5 години кога Фенербахче беше исфрлен од Европа.

Кога изведба на химна ќе те извади од патики

Офицерот Карлтон Смит работел на мечот меѓу екипи од Западна Вирџинија. Како поранешен учесник на вокалното шоу Американски идол, пеачката Лесли Дорчестер го препорачала полицаецот да ја испее химната пред кошаркарскиот дуел. А тој не само што ја испеа, туку ја искина.

Ако Бејл работеше во полиција

Брзината на Велшанецот често е предмет на интернет зезалици, а ние наидовме на една во која Бејл се споредува со полицаец. И не е далеку од вистината.

Па нели Тито ни велеше да ги храниме гладните од Етиопија, што е сега?

Мене Тито и учителката ме научија да бидам хумана и да го сакам светот и луѓето. А тебе?

Стара норвешка: Со пушки да не фрлате

Норвешките полицајци лани пукале само два пати. Во обата случаи промашиле.

Да му умре Ламборџинито на комшијата

Освен постојаната борба со криминалот, силите на злото и неподносливи туристи, полицијата на Абу Даби има и една дополнителна ставка за која само треба да размислува - како да најдат поскапа кола од најскапата што ја има полицијата на Дубаи. Најдоа.

Полиција вс. криминалци: кој убива повеќе?

Меѓу развиените земји САД го имаат најголемиот број на убиства со огнено оружје по глава на жител. Ако од оваа бројка ги одземеш криминалците и ги оставиш само оние убиства сторени од полицајци, САД на листата ќе бидат на - прво место.

Полициска идиотска агресивност

Славјето на шампионската титула на Бенфика не беше така убав чин како што се очекуваше, а го расипаа неколку португалски полицајци кои се очекува да одговараат за овој чин.

Кога САД слегна со рамења на 1.000 жртви

Пред точно десет години, во долината Фергана во Узбекистан, маса народ се собра за да протестира заради апсења и насилство од државната полиција. Властите тогаш убиле најмалку 1.000 луѓе - но бројката не е баш јасна, затоа што тогашнaта американска врхушка на чело со Доналд Рамсфелд се спротивставила на истрагата. Причина: Узбекистан им бил партнер во борбата против тероризмот.

Мамо, стани... Надвор се пука

05:10

Спи, сине. Си сонувал. 

Не бе мамо, зарем си глува, зарем не слушаш?

Џандарот од библиотеката

Човеков не е за да работи како полицаец. И не затоа што некој може да му се прикраде од зад грб и скоро четири минути да го снима без овој ништо да посомнева, туку од многу почовечки причини. Снимано е во Националната библиотека на грузискиот парламент.

Сите тужби против њујоршката полиција

Во јули полицијата се обиде да го приведе Ерик Гарнер. Обидувајќи се, еден од полицајците го задави Гарнер кој почина на лице место. Од целиот настан има видео. И покрај ова полицаецот што го уби 44-годишниот црнец нема да биде суден по оваа основа. Само во 2014-та до Њујоршката полиција има 87 жалби за давење.

Полицаец во земјата на чудата

- Колку пати имате престрелки?
- 5 пати... годишно... во цела Финска...
- А тука во градов (Васа)?
- Имавме... пред 10 или 20 години...
Разговорот е меѓу фински полицајци и полициски капетан од Лос Анџелес. Пред него, низ нордискиот казнен систем прошета поранешниот управник на Атика.

Шведска вест на денот

11-годишно дете од Стокхолм во паника се јавува во полиција за да пријави дека некој му упаднал дома. Полицијата инстантно интервенира, стига во домот и гледа дека нема провалник. Потоа продолжува по шведски.

Лондонската полиција подготвена за Турците

Во 24 часа, англиската полиција ќе има многу работа за да спроведе 7.000 навивачи кои од Истанбул ќе допатуваат во Лондон, да ги бодрат своите тимови во ЛШ и ЛЕ.

Полицаецот што стварно мразеше марихуана

Полицијата на Сиетл направи инстантна микро-реорганизација откако во статистиките им излезе дека еден единствен полицаец напишал 80% од сите казни во градот за користење марихуана.

Белгиска полиција слави победа

Фудбалерите на Белгија со пресвртот над Алжир стигнаа до победа во првиот нивни меч на Мундијалот во Бразил. За навивачите тоа беше големо славје, но оние кои редовно се повод за вицови имаа задоцнета реакција низ празните улици во Брисел.

Полициска бруталност, Норвешка

Продолжува скандинавската недела на офф.нет.мк. Овој пат двајца норвешки полицајци се справуваат со еден прилично непријатен локален алкос. Треба да се има предвид дека постапките на полицајците се под влијание на целиот товар на одговорноста од нивната работа, стресот од секојдневното справување со криминалци и генерално стравувањето за сопствената безбедност.