Некогаш, не многу одамна, нè учеа на хуманост. На училиште собиравме помош за гладните деца во Етиопија, купувавме УНИЦЕФ честитки за гладните деца во Африка, демонстриравме против насилството во Палестина, со драго срце ги примавме гостите од Движењето на независни држави, Југославија прими во прегратки илјадници унгарски емигранти по неуспешната антисоветска револуција, напишал некој денес на социјалните мрежи.
Но, напишал дека во виорот на деведесетите, сме престанале да бидеме и луѓе.
Сме станале ксенофобични Срби, Хрвати, Македонци, Бошњаци, Словенци, Црногорци, Албанци. Нечувствителни кон маката на останатите и пречувствителни на свои жртви, затворени во своите кругови.
Исцрпени од сопствените војни, не ги слушнавме топовите на империјализмот и на новиот фашизам. Станавме рамнодушни кон Арапската пролет, кон рушењето на секуларниот и арапски модел на создадените социјалистички држави од Тунис до Авганистан. Некогашните пријателски држави кои нè почитуваа ни станаа далечни, нивниот народ, обичаи и култури, тема за плукање.
А тогаш, понесени од бурата на американската демократија, колона на очајници ни затропаа на вратите, побараа помош од нас, бегајќи од војна и глад.
Ако некој знае што е војна, знаеме ние Балканците. Сме имале војни повеќе од било кој регион во светот.
И наместо шише вода, корка леб и насмевка која е универзален јазик разбирлив за секој човек од светот, ние ги дочекавме со шок бомби, солзавци и гумени куршуми. Чепкајќи им по рани, ние им изнудивме солзи одамна всадени во нивните души.
И тогаш националните душегрижници ни продадоа приказна за тобожна загрозеност од исламски фанатици и терористи. Во меѓувреме, ниту тие, ниту ние не кренавме глас проти НАТО имперајалистикиот поход во уништување на светот, додава тој некој си непознат автор тука по социјалните мрежи.
Накрај заклучил:
Ние сепак делиме исти судбини со мигрантите. Судбини кои ни се наметнати.
П.С
Во 1959 година во февруари, Тито во рамките на своите посети на странски држави познати како ''Патот на мирот'', ја посетил и сега веќе озогласената Сирија и договорил заеднички да се грижиме за мирот во светот.
И, еве, се грижиме.
Со шок бомби.
Сандра