Таг: гевгелија

Македонска ракометна бламажа со намерни автоголови

Ракометарките на Скопје и Гевгелија одиграа натпревар во Купот на Македонија, кој подобро ќе беше да не го одиграат. На 4-5 минути до крај двете екипи почнале да си даваат автоголови за да не победат. Претпоставките се дека целта им било како следен противниќ да го избегнат Ѓорче. Последниот автогол на средбата си го постигна екипата на Скопје за пораз од 16:17. Каква срамна лакрдија.

Гевгеличани знаат да живеат живот

Што ќе ти се авионски карти и резервации за Бока - Ривер на „Бомбонера“, отиди до спортската сала во Гевгелија да видиш што е Дале Кавезе со блех музика.

Малала, искини ја Нобеловата награда

Денес кај нас пак пукнаа димни бомби и солзавец доле на Гевгелија. Жив жал, и за дечињата што се наголтаа отрови, жив жал и за полицајците распоредени, а најповеќе за оние кои веќе недела дена се чуваат во кампови и на отворено како жигосани. Тие не се никои други туку оние кои делат иста судбина како малата нобеловка. 

Па нели Тито ни велеше да ги храниме гладните од Етиопија, што е сега?

Мене Тито и учителката ме научија да бидам хумана и да го сакам светот и луѓето. А тебе?

Тие мигранти, а сите ние луѓе

Мигранти мои, сите ве сакам и ви посакувам мирен живот каков што заслужувате. И вие, и вашите дечиња со црни очи, поцрни од вашата раселена судбина.

Сељам алекум. Алекум сељам

„Гевгелексикон" од Стефчо Стефанов

Оние кои го следат Букбокс знаат за нашата желба за промовирање на измислени, но и подзаборавени а прекрасни зборови од нашите дијалекти. Затоа уште на невидено го поздравивме излегувањето на лексиконот-збирка зборови од гевгелискиот, кој нам од „северот" ни звучи токму како странски.