За кратко време во Лондон доаѓаат два пара Турци, прво во среда Галатасарај му гостува на Арсенал, а ден подоцна Бешикташ доаѓа кај Тотенхем.
Со оглед на нивната меѓусебна нетрпеливост и инцидентите кои турските навивачи ги имаа со англиските во минатото, англиската полиција се мобилизира за сè да помине во најдобар ред, пренесува Телеграф.
Поради тоа што немаат прилика да дојдат во контакт на фудбалските натпревари, навивачите на Галатасарај и Бешикташ неретко имаат договорени тепачки на женската одбојка и ракомет меѓу двата клуба.
Минатата година, на 22. септември, дербито на кое Бешикташ беше домаќин, се прекина при водство на Галатасарај (1-2), затоа што домашните навивачи влетаа во теренот и се пресметаа со полицијата.
Галатасарај имаат историја на инциденти токму против навивачите на Арсенал, со кој водеа вистинска војна во Копехаген, по завршувањето на финалниот дуел од Купот на Уефа во сезоната 1999/2000.
Најдрастичен пример за бруталност беше инцидентот кои навивачите на двата клуба го имаа за време на кошаркарски натпревар за инвалидизирани лица во колички. Англиските медиуми се навраќаат и неколку години наназад, кога двајца навивачи на Лидс Јунајтед им подлегнаа на повредите откако беа избодени со нож во центарот на Истанбул.