Таг: песна

Ѓоковиќ зема микрофон на роденден и се распеа

Најдобриот светски тенисер синоќа на роденденот на неговата сопруга Јелена покажа дека знае да удри бекхенд и форхенд со микрофон.

Најзаразната навивачка песна стигна и на Европското

Секогаш досетливите Ирци и Северно Ирци уживаат во Франција. Вториве преземаа една ретро песна после која сите сакаме нивниот напаѓач Вил Григ да даде гол на Европското.

Конечно начин како да се збогатиш од поезија

Еве како да се исплатат сите оние школски дрндања околу тоа „што сакал поетот да каже" со некој стих. Оној кој ќе ги пробие значењата на една песна може да најде вистинско сандаче со богатство, скриено во близина на канадската граница.

ПСЖ се скара со М.И.А. поради дрес во спот за мигрантите

Пари Сен Жермен бараше преку Универзал Мјузик да се тргне спотот за песната Граници (Borders) на англиската пеачка М.И.А. затоа што видеото ја нарушувало престижната репутација на клубот.

Градот убав

Напишана за еден град којшто го снемува, и за едни луѓе кои ги сакам.

Љубовна песна за една модернистичка зграда на гитаристот на Смитс

CIS Tower е облакодер на улицата Милер во Манчестер. Изграден е во 1962, а со своите 118 метри е највисока деловна зграда во Велика Британија вон Лондон. Токму на неа Мар ѝ ја посвети песната „Динамо" oд неговиот втор соло албум, Playland.

Песна за една стрела

Поттикнати од статијата за „Брзиот стреличар што ја промаши поентата“, една стреличарска песна со два превода од наши читатели. 

Што имаат заедничко Достоевски и Буковски?

Нивните имиња во иста реченица ни звучат како нешто помеѓу руско комично дуо што степува, до другарчиња што седат во иста клупа па често ги прозиваат еден по друг. Ама никако не би помислиле дека едниот му бил инспирација на вториов. Сè до сега.

„Не читај книги!" - зен песна од 12. век

Иронично е во рубрика која се вика Букбокс да објавуваме песна против читањето книги. Но во случајов не е важно против што е песната, туку за што е за.

Поезијата на Памела Андерсон

Кога некој како Памела Андерсон ќе се обиде на полето на поетското творештво, тоа по дефиниција се дочекува со доза сарказам. Со сите усилби да не го следиме овој очекуван терк, епскава поема која истовремено зборува за зеленчук, мобилни и загубената уметност на сексот ја оценуваме како благо збунувачка.

Дијалог со пролетта

Заљубен сум во тебе од малечко,
во очите твои назаситни
што тераат на арчење.

Песна за изопштениот

Уште ни одѕвонуваат зборовите на Ерофеев, оние кога го опиша скопскиот плоштад како гробишта ама „во позитивна смисла", и оние со кои го почна говорот вечерта кога му беше доделена наградата Табернакул.

„Прва лекција за човекот“

Убава песна за човечката природа, од еден католички монах, мистик и борец за социјална правда. 

Пријателскиот совет на Буковски

Искуството вели - дури и оние кои кон вас покажуваат извесна наклоност можат да бидат прилично цинични кога се работи за вашата навика да пишувате поезија. „Не мора баш за сè да има песна" и „од книгата ти вредат само цртежите" се нивните коментари. А кога би ви дале и совети, тие сигурно би биле слични со овие на Бук.

До идните генерации

An die Nachgeborenen е песна на Брехт од 1939, периодот на неговиот егзил во Данска. Прекрасно балансирајќи меѓу сентименталноста и одлучноста да се влезе во битка со неправдата, таа денес - замислената иднина за која зборува песната - сепак звучи како ништо да не се променило.