20 години од смртта на Буковски

Белешка за создавањето на масите

некои луѓе се млади и ништо
повеќе и
некои луѓе се стари и ништо
повеќе
и некои луѓе се средовечни и
едноставно се средовечни.

и мувите да носат облека
и сите згради да изгорат во златен оган,
и небото да се стресе како стомак
на стомачна танчерка
и сите атомски бомби да почнат
да плачат,
некои луѓе би биле млади и ништо
повеќе и
некои луѓе би биле стари и ништо
повеќе,
и останатите би биле исти
останатите би биле исти.

оние неколкумина различни
доволно брзо ги отстрануваат
полицијата, нивните мајки, нивните
браќа, останатите и
тие самите себеси.

сè што останува е она што
го гледате.

тешко
е.

Чарлс Буковски

9 март 2014 - 12:50