Земи еден лист, или ѕид, или нешто што
е речиси сосема бело и празно.
Меси го додека не добие облик
на животно: муцка, тело. нозе.
На секоja шепа стави доста нокти,
а во устата многу заби (Ако
сакаш, офарбај ја муцката во некоја
боја што личи на розева). Позади, на газот,
стави нервозен партал; тоа ќе му биде
опашот. И завршена работа. Или речиси: остави го надвор
и надевај се дека ќе падне дожд од мастило. Сега
дај му на животното трева. Ако одбие,
далматинец е. Ако ја изеде (и замука),
имаш крава. Пробај повторно.
(превод од српски И.Ј.)