Стихови на денот

Далечна куќа

Далеку сама на крајот
Од полето.

Три века на истото место
Како нешто да чека.

Небото зад неа свиено
И се чини шуми таму и
Некоја река.

А можеби е некој тивок
Липот. Длабоката болка
Нема силен викот.

Сниска, под косиот зрак
Квечерум, се скусува
Далечината.

Макар наведнати
Луѓето внатре си клаваат еден
На друг рака на рамото.

Господ не им ставил клуч
На срцата.

Димитар Башевски (од збирката „Во дланката своја си гледам")

17 мај 2015 - 12:34