Песна на денот

Звукот на споменот на тебе



4 наутро, не се спие
твоето лице ми се врти низ глава
И буден ќе сонувам, во сонот ќе ми бидеш,
и од тебе не можам да побегнам.

Од кога те сретнав животот ми е песна
тажна, љубовна, со омраза на средина
Дека ќе ми го скршиш срцето беше јасно од почеток
но моeто пенкало и мојата хартија
ќе ме одржат да не полудам.

Не можам да дишам ако не си наоколу
срцето не ми чука, устата не зборува
и не можам да спијам заради звукот,
звукот на споменот на тебе 
кој ме изнемоштува.

Не можам да се видам себеси без да те гледам
не можам да допрам ништо што не е на допир ко тебе,
каде и да одам ќе те барам
и ме боли кога знам дека не ме сакаш.

Не можам да дишам ако не си наоколу
срцето не ми чука, устата не зборува
и не можам да спијам заради звукот,
звукот на споменот на тебе
кој ме изнемоштува.

27 април 2013 - 10:08