На илјадници километри од Торино, италијанскиот шампион има верни навивачи какви што секој клуб посакува да има на својот стадион. Фановите на Јувентус од Индонезија се собираат во огромен број за заеднички да следат натпревари со пропратна кореографија и пиротехника.
Викендов цела Германија заборави на Баерн Минхен. Во саботата се одигра натпреварот помеѓу Шалке и Борусија Дортмунд, жестокото дерби на областа Рур кое прерасна во најголемо ривалство во цела Германија.
Фудбалскиот клуб Колорадо Рапидс од американската МЛС лига оваа сезона ќе го има најнавивачки наклонетиот дрес. На него се испишани имињата на сите сопственици на сезонски влезници за нивните домашни натпревари.
Одделот за внатрешни работи на Каталонија планира да отвори датотека со податоци за навивачите на Барселона со цел да ги следат потенцијалните нарушувачи на јавниот ред и мир за време на натпреварите.
Екипата на Селтик беше пред елиминација уште по првиот натпревар кога на домашен терен загуби од Јувентус со 0:3, но тоа воопшто не беше проблем за нивните навивачи да отаптуваат во огромен број во Торино и да го бодрат својот клуб. Верувале или не, Селтик прими гол за време на ова видео.
Разочарани од поразот на гостувањето кај аргентинскиот клуб Тигре во рамките на Копа Либертадорес, навивачите на бразилскиот клуб Палмеирас ги нападнаа фудбалерите на аеродромот во Буенос Аирес.
Само два до три погрешни зборови се доволни да ги напишете на социјалните мрежи за да останете без работа. Тоа се случи во Шкотска каде полицаец кој е задолжен за одржување на редот и мирот на навивачката група на Селтик, е разрешен од својата должност.
На листата на чекање за сезонски влезници за натпреварите на НФЛ тимот Грин Беј има 105.00 имиња, па ако сега ви текне да аплицирате, ќе чекате над 900 години.
Турците се надминуваат себеси. Заради фрлање на бакљи, УЕФА им забрани на навивачите на Фенербахче да присуствуваат на натпреварот против БАТЕ Борисов, но тие повторно најдоа начин како да уфрлат бакљи на терен.
По победата над Барселона, Род Стјуарт заплака од среќа, но по синоќешниот натпревар солзите кај навивачите на Селтик беа од тага. Тие повторно направија прекрасна атмосфера, но Јувентус со трите гола ја уништи секоја надеж, па долго по натпреварот неколку навивачи не можеа да се помират.
Омразата помеѓу навивачките групи некогаш ги минува сите граници. Таков е случајот со група навивачи на Фиорентина кои ги исмеваа 39-те загинати навивачи на Јувентус при несреќата на стадионот Хејсел во 1985-та година.
Завршниците на кошаркарските финалиња во регионов не можат да поминат без инциденти. Само неколку часа по инцидентите во грчкото финале, навивачките групи на Црвена Звезда и Партизан се судрија во Крагуевац, по што финалето не го доживеа својот крај.
Навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос направија хаос на финалето на кошаркарскиот куп на Грција, а колега на Перо Антиќ беше погоден со ракета во главата.
Нови сцени на насилство ни пристигнуваат од земјата која следната година ќе биде домаќин на Светското првенство. Овој пат се судрија навивачите на ЦРБ и Санта Круз на стадионот „Кралот Пеле" посветен на најголемата бразилска фудбалска легенда.
Сме пишувале за навивачки групи кои одат на спортови како одбојка, ватерполо, па дури и за инциденти на кошаркарски натпревар за инвалиди, но не сме ни помислиле дека ултра групи толку масовно навиваат со кореографии и пиротехника на спидвеј трки со мотори.
Негодувањата на фановите се однесуваат на вчерашното гостување против Арсенал, каде нивното присуство на „Емирати" стадионот чинеше 62 фунти. Пред само неколку кола поради истата сума „Граѓаните" на Арсенал му вратија околу 900 влезници.
Англичаните направија анализа на вредноста на влезниците за натпреварите во однос на бројот на головите. Некои сопственици на сезонски влезници платиле 6 пати повеќе за секој гол што го виделе минатата сезона.
Навивачите на англиските гиганти плаќаат и по 200 фунти повеќе од навивачите на послабите клубови кога одат на гостувања, а најскапо си поминуваат оние кои одат на гостувањата на Манчестер Јунајтед.
Помошниот судија на вчерашниот натпревар помеѓу Арсенал и Манчестер Сити му одржа лекција на одбранбениот играч Лескот како треба да ги почитува навивачите кои платија 62 фунти за да присустуваат на гостувањето на стадионот „Емирати“ во Лондон.
Навивачите на Реал Мадрид преку социјалните мрежи го изразија своето незадоволство заради високите цени на влезниците за натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед. Најевтиниот билет во Мадрид чини колку најскапиот во Манчестер.
Кошаркарите на Филаделфија со победата над Атланта во саботата ја прекинаа серијата од 5 порази, но по завршувањето на натпреварот нивните навивачи не беа среќни и го извиркаа тренерот Колинс, па тој мораше да им купи сендвичи на сите присутни.
Навивачите на германскиот второлигаш Унион Берлин пред 8 години го спасија клубот со својата крв, пред 4 години сами го реновираа стадионот, а во неделата го преполнија истиот, но не заради фудбалски натпревар, туку за да пеат божиќни песни.