Финалето на кошаркарскиот куп на Србија беше прекинат во третата четвртина при резултат 43:43 и ќе се доигра во понеделник.
Навивачите на Црвена Звезда и Партизан имаа помали судири во текот на натпреварот, но ситуацијата куминираше кога еден навивач на Звезда се обиде да запали знаме на противничкиот табот. Гробарите го фатија по што навивачите на Црвена Звезда го пробија полицискиот кордон и влегоа натерен. Полицијата успеа да ги потисне навивачите на своите трибини, но таму продолжија судирите.
Играчите веднаш го напуштија паркетот и се вратија по скоро еден час, но одлучено беше дека не постојат услови и последните 14 минути најверојатно ќе се доиграат без присуство на публика.