Оваа недела започна новата сезона во американската фудбалска МЛС лига и сите клубови си се пофалија со новите дресови, но шоуто го украде Колорадо Рапидс.
Овој клуб има околу 2.000 најверни навивачи кои имаат купено сезонски влезници за нивните натпревари и челниците на клубот најдоа одлично решение за да им се заблагодарат на сите.
На новиот дрес со кој Колорадо Рапидс ќе играат на домашен терен, се запишани имињата на сите сопственици на сезонски влезници.
Ова е прв случај со илјадници имиња да бидат напишани на дрес, но не е прв пат како еден фудбалски клуб ги пишува имињата на нивните навивачи на своите дресови.
Минатата година кога Реал Сосиедад немаше спонзор, на предната страна на нивните дресови ги пишуваа имињата на 22 среќни навивачи од вкупно 25.000 членови.
Претходно навивачите на Севиља може да си купат место за нивната слика на бројката од дресот.