Таг: милан

Затворски казни за италијанските расисти

Шест навивачи на италијанскиот нисколигаш Про Патрија добија затворски казни за расистичките навреди на фудбалерите на Милан на пријателскиот натпревар во јануари.

Пред 20 години на Италијанците им рече „Ариведерчи“

На денешен ден пред точно 2 децении од фудбалот се прости еден од најдобрите напаѓачи во светот, славниот Холанѓанец Марко ван Бастен. Во својата кариера, која за жал поради тешка повреда мораше да ја заврши предвреме, постигна точно 300 гола.

Клоп учел од Милан на Ариго Саки

Целиот свет зборува за успехот на Јирген Клоп со Борусија Дортмунд, а скромниот германски тренер веднаш по пласманот во финалето на Лигата на шампиони го поздрави својот идол Ариго Саки.

Пандев го сопре Милан

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев ја продолжи голгетерската форма во Серија А и го постигна единствениот погодок за Наполи со кој неговиот тим освои бод на гостувањето кај Милан.

Милан царува во 2013 година

По првиот дел од сезоната во Серија А во кој „Росоњерите" имаа мизерен старт и долго време беа потонати во долниот дел од табелата кој носи испаѓање во втората лига, од стартот на новата година како да се појави "нов" Милан кој не знае за пораз во домашното првенството.

Барселона ја сруши и традицијата и Милан

Барселона е првиот тим кој успеал да се врати по негатива од 2:0 во Лигата на шампионите и со двата гола на Меси, Виља и Алба го декласираше Милан со 4:0, резултат кој ги одведе во четвртфиналето. Сензација на гостински терен направи Галатасарај кој со 3:2 го победи Шалке.

Барса брка чудо, Милан брани предност

Највозбудливото клупско европско натпреварување вечерва ќе ни открие кој гигант ќе се радува, а кој од Милан и Барселона ќе го напушти Камп Ноу со наведнати глави. Голема неизвеснот нуди и втората пресметка на „Гелзенкирхен" каде Снајдер и Дрогба ќе се обидат да го сопрат домаќинот Шалке.

Дерби дела Мадонина без победник

180-то првенствено дерби на Милано заврши без победник. По интересен и неизвесен натпревар, градските ривали Интер и Милан поделија по едно полувреме, а на крајот и ги поделија поените.

Мотивациското видео на Барселона

По поразот од 2:0 на гостувањето кај Милан, екипата на Барселона треба да направи голем камбек на Камп Ноу, нешто што не е невообичаено во историјата на клубот. За да ти потсетат и мотивираат навивачите, но и самите фудбалери, Барселона на својата вебстрана го објави ова кратко видео.

Милан ја сруши Барселона

По долгата доминација на Барселона, фудбалерите на Милан конечно ги покорија „Каталонците". Барселона цел натпревар не упати удар во рамките на голот и Милан на реваншот ќе патува со 2:0. Шалке го преживеа пеколот во Истанбул и одигра 1:1 на гостувањето кај Галатасарај.

Барселона редовен гостин на Сан Сиро

Екипата на Милан не може глава да крене од силата на „Каталонците" со кого само минатата сезона во Лигата на шампионите се сретна четири пати. Иако се работи за помалку актрактивен меч според имињата на клубовите, Турците со нетрпение ги очекуваат настапите на Снајдер и Дрогба на европската сцена.

Берлускони открива како ќе се чува Меси

Претседателот на Милан кој синоќа гостувал во телевизиска емисија, држел лекции како треба да изгледа тактиката на неговиот тим на мечот против незапирливата Барселона, кој се игра во среда во рамките на Лигата на шампионите.

Удинезе протестира со замрзната слика

Удинезе се уште не може да се помири со поразот по сомнителната одлука за пенал во судиското продолжение и денес ќе протистираат со замрзната слика на својот ТВ канал.

Голот на Берлускони

Марио Балотели официјално станува миланска четириеспетка и ќе заработува 4 милиони годишно. За тоа колку гласови ќе му донесат на Берлускони дваесетте милиони инвестирани во Балотели, пишува нашиот специјален дописник од Италија, Емили.

Милан во борба против расизмот

По непријатното искуство против четвртолигашот Про Патрија, „Росоњерите" сами тргнаа во борба против злото кое често пати е присутно на стадионите ширум светот.

Боатенг прекина натпревар заради расизам

Пријателската средба помеѓу Милан и Про Патрија траеше само 25 минути. Навивачите на четвртолигашот наместо да уживаат во мајсториите на европскиот гигант, на расна основа го навредија Принц Боатенг.

Малдини: „Јас повеќе не сум дел од семејството Милан“

Клупската легенда на Милан, Паоло Малдини отворено проговори за лошата политика на раководството и неговото отпишување од клубот чиј дрес го носеше 25 години. „Милан ја загуби магијата."

Раштиманите миланези

По Коларов и Далас Маверикс и фудбалерите на Милан успеаа да уништат божиќна песна. Не дека им оди добро во фудбал, ама нека си се држат до таа професија, а пеењето нека го остават на други. Единствено Боатенг може да добие позитивна оценка.

Финалето во 2005.

Во периоди како овој кога баш и не му оди на Ливерпул, нивните навивачи можат да си се расположат со гледање на одличниот краток документарец за финалето на Лигата на шампиони од 2005-та година. Видеово не се препорачува за навивачи на Милан.

Буфон: „Јувентус заслужи пораз од Милан“

Во дуелот помеѓу најтрофејните екипи во Италија, Милан со спорен пенал го победи Јувентус, но голманот на актуелниот шампион призна дека неговиот тим го заслужил поразот.

Јувентус осамен на врвот, Лацио подобар од Милан

Екипата на Јувентус не само што ја продолжи серијата од фантастични 47 натпревари без пораз, туку сега е и единствена непоразена екипа во Серија А оваа сезона. На второто денешно дерби, Лацио ja зголеми агонијата на Милан и уште повеќе ја разниша позицијата на Алегри.

Мароканскиот Меси почна да растура за Милан

Можеби не им оди во моментов, но Милан има младинци на кои може да се гордее. Еден од нив е и 14-годишниот Хаким Мастур.

Најфудбалскиот ден ги оправда очекувањата

Барселона и Реал Мадрид ни приредија спектакуларно „Ел Класико", Милан и Интер одиграа уште едно напнато „Дерби дела Мадонина", „Ле Класик" во Франција полно со возбудувања и голови, московското дерби и припадна на ЦСКА, Порто ја продолжи мизеријата на Спортинг, Фенербахче ги декласираше комшиите, Шкендија го совлада шампионот...