Пред 20 години на Италијанците им рече „Ариведерчи“

На денешен ден пред точно 2 децении од фудбалот се прости еден од најдобрите напаѓачи во светот, славниот Холанѓанец Марко ван Бастен. Во својата кариера, која за жал поради тешка повреда мораше да ја заврши предвреме, постигна точно 300 гола.

Ван Бастен дојде во Милан од екипата на Ајакс каде ја започна својата кариера. Уште во првата сезона ги импресионираше навивачите на Милан и веднаш го освои Скудетото.

Популарниот холандски голгетер стана еден од клучните играчи на „Росоњерите", а на четвртфиналниот меч против Вердер постигна гол од пенал со кој до одведе својот тим во следната фаза.

Во својата кариера 3 пати ја освои Златната копачка и беше сметан за еден од најдобрите напаѓачи во Серија А и во светот.

Во Италија во тоа време се водеше голема битка помеѓу Милан и Наполи, односно Ван Бастен и Марадона. Првиот дуел го доби Холанѓанецот, а на реваншот поуспешна беше аргентисната легенда.

Во сезоната 1991/1992 постигна фантастичен гол во миланското дерби против Интер и истата сезона стана најдобар стрелец во Серија А со 25 погодоци.

На натпреварот против Гетеборг од Лигата на шампионите во ноември 1992 година, Ван Бастен постигна 4 гола од кои еден со „ножички".

Последниот натпревар во Серија А го одигра на 17 мај 1993 година против Рома кој заврши без голови. По четирите операции на ногата не успеа да ја санира повредата и мораше да се збогува со фудбалот на 28 години. Официјалното повлекување го соопшти во 1995 година.

Марко ван Бастен се поздрави со навивачите на Милан со 4 Скудета, 3 титули во Лигата на шампионите, 3 во Супер Купот на Уефа, 4 италијански Супер Купови и 2 Интерконтинентални Купа. Со селекцијата на Холандија го освои ЕУРО 1988.

Многу фудбалери споредуваа со него, а дел од нив според карактеристиките е Златан Ибрахимовиќ.

Во моментов Ван Бастен е тренер на екипата на Херенвен, а претходно беше на кормилото на Ајакс и 4 години го водеше националниот тим на Холандија. Во изминативе години многу често го поврзуваат со тренерската клупа на Милан.

17 мај 2013 - 17:49