Таг: милан

Милан сè уште троши најмногу

И покрај тоа што со реновирањето на тимот ги скратија годишните трошоци за дури 60 милиони евра и немаат ниту еден фудбалер помеѓу петте најскапо платени во лигата, Милан сè уште троши најмногу за плати од сите клубови во Серија А.

Хет-трик на Пацини за прва победа на Милан

Милан ја забележа првата победа во второто коло од новата сезона благодарение на трите погодоци на новото засилување Џампаоло Пацини на гостувањето кај Болоња.

Ќе ја направи ли Милан најголемата грешка?

Како воопшто челниците на Милан помислија да ги продадат Златан Ибрахимовиќ и Тиаго Силва во ПСЖ? Милан на терен ќе загуби многу повеќе од она што ќе го добие во банка. Ретко кој пар фудбалери има толкаво влијание во било кој клуб во Европа.

Милан веќе не е пензионерски тим

18-кратниот шампион на Италија ќе игра со најмладиот состав во последните 10 години. Просечната старост на екипата на Милан која важеше за „тим на пензионери" оваа сезона ќе биде 27,18 години.

Мароканскиот Меси потпиша за Милан

14-годишниот Италијенц со потекло од Мароко потпиша за Милан, а на својата промоција тој жонглираше со портокал и пинг понг топче.

Буфон го доближи Милан на еден поен

Неверојатна среда во Италија. На две кола до крајот на сезоната Милан му се доближи на Јувентус на само еден поен заостанување.

Касано пак стрела, Јуве остана на +3

По долга Антониот Касано за прв пат се најде во стартниот состав на Милан и постигна гол при победата од 1:4 на гостувањето кај Сиена. Јувентус ја одржа предноста од три поени со триумфот од 0:4 кај Новара.

Јуве ја преслуша Рома и се доближи до Скудетото

На пет кола до крајот на италијанската Серија А, екипата на Јувентус се доближи до шампионската титула откако ја растури Рома со 4:0, а Милан на домашен терен одигра само 1:1 со Болоња.

Милан го колне судијата, Барса слави полуфинале

Екипата на Барселона го продолжи патот до одбрана на титулата во Лигата на шампиоин. Каталонците го победија Милан со 3:1 и обезбедија пласман во полуфиналето со помош на рекордерот Меси и неколку спорни судиски одлуки.

Дуел на титаните Милан и Барселона

Вечерва ќе се одигра најатрактивниот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампиони. Шампионот на Италија ќе го пречека бранителот на титулата од најелитното европско клупско натпреварување.

Финалистот Јувентус веќе не е непобедлив

Екипата на Милан му го нанесе првиот пораз по регуларни 90 минути на Јувентус оваа сезона, но „бјанконерите" по продолженија изборија пласман во финалето на италијанскиот куп.

Јувентус со петарда му одговори на Милан

Милан славеше на гостувањето кај Парма со 0:2, а оваа победа како да ги разлути фудбалерите на Јувентус кои со 0:5 ја декласираа Фиорентина и не му дозволија на актуелниот шампион да ја зголеми предноста на табелата.

Милан се провлече против Арсенал

Арсенал се најде на прагот на сензација откако по оние 4:0 во Милано, избраниците на Арсен Венгер по првото полувреме водеа со 3:0, но на крајот Милан со вкупни 4:3 се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Вториот четвртфиналист е екипата на Бенфика која го победи Зенит со 2:0.