Изградбата на новиот стадион во областа Сан Сиро во Милан започнала во 1925-та година. Целата изградба била финансирана од Пирели, тогашниот претседател на Милан чија идеја била новиот дом на неговиот клуб да биде само фудбалски храм без атлетска патека.
Свеченото отворање на стадионот било на 19 септември 1926-та година кога 35.000 гледачи го проследиле пријателскиот натпревар на кој Интер го победил Милан со 6:3.
Во 1935-та година Милан го продал стадионот на градот, но повторно само тие го користеле, а така било се до 1947-та година кога на Сан Сиро се вдомува и Интер.
На 3 март 1980-та година стадионот го добива името Џузепе Меаца по фудбалерот кој освои две Светски првенства со Италија (1934, 1938) и го носеше дресот на Интер и на кратко на Милан.
По реновирањето во 1955-та година стадионот имал капацитет за 100.000 гледачи, а последното поголемо реновирање започнало пред Светското првенство во 1990-та година по што целиот стадион е пополнет со седишта. Во моментов стадионот Џузепе Меаца е со капацитет од 80.018 седишта.
На фудбалската убавица со пет ѕвезди се одиграле натпревари од две Светски првенства (1934 и 1990), како и финалето на Лига на шампиони во 2001-та година.