Таг: македонска фудбалска репрезентација

Македонија остана 105-та фудбалска земја во светот

Новиот селектор Љубинко Друловиќ ја дозна позицијата на рангот на ФИФА од која ќе почне да ја води македонската фудбалска репрезентација.

Друловиќ би го вратил Пандев

Македонската фудбалска репрезентација денес и официјално го доби новиот селектор, Љубинко Друловиќ. Помошници ќе му бидат Португалецот Виктор Луиз, Виктор Треневски и тренерот на Работнички, Игор Ангелевски.

Кој е Љубинко Друловиќ?

Ништо од сензацијата Џанфранко Ѕола или кандидатите Милован Рајевац и Љубисав Пенев. Македонската фудбалска репрезентација ќе ја води петкратниот првак со Порто, кој има богата играчка кариера во Португалија и скромно тренерско искуство.

Македонија настрада место Црна Гора

Дисциплинската комисија на УЕФА ги казни Црногорците за инцидентот на квалификацискиот меч против Русија на кој голманот беше погоден со факел од страна на навивачите, но медиумите ја утнаа работата.

Ѓуровски: Ни со Мурињо и Анчелоти не правиме ништо

Два дена по отказот на Бошко Ѓуровски кој ФФМ му го врачи на последната седница на управниот одбор, довчерашниот селектор на Македонија се јави со реакција.

Бошко Ѓуровски не ги најде играчите со карактер

„Сакам на терен да видам играчи победници со карактер кои ќе играат модерен и агресивен фудбал“, изјави сега веќе поранешниот селектор на Македонија кој испроба околу 60 играчи од деби мечот на 5 март минатата година и победи на два меча.

Македонија го повтори аматерскиот потег на Африканците

Во период кога предвреме се простивме од уште еден квалификациски циклус за големите натпреварувања и тотално загубивме надеж дека некогаш ќе пркне македонската фудбалска репрезентација, пукна нов срам за македонскиот фудбал кој е хит и на странските медиуми.

Дрес од македонската фудбалска репрезентација за најдобриот Типстер

Martin Stojanovski растури на Типстер во месец март и тој беше незадржил на првата позиција со 152 погодени натпревари.

Реми без голови со Кенгурите, Филип Втори празен

По квалификацискиот пораз од Белорусија во петокот, македонските фудбалери вечерва во Скопје одиграа 0-0 против Австралија во пријателски натпревар.

Типстерите кои ќе одат на Македонија – Австралија

Вчерашните квалификациски средби за ЕП 2016 минаа без изненадувања. Освен очекуваниот гостински триумф на Германија, имаше две нерешени, а на останатите пет дуели победија домаќините. Ова се петмината Типстери кои ги типуваа најдобро.

Гратис карти преку Типстер за Македонија – Австралија

Типстерите кои денеска најдобро ќе се покажат во типување, ќе добијат билети за пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Австралија кој се игра в понеделник во 21:00 часот.

Ѓуровски: Ништо не е готово, зошто да не победиме таму?

Четврти пат во квалификациите за ЕП 2016, нашите фудбалери го напуштија теренот со спуштена глава. Сепак, ни тоа не го демотивира селекторот Бошко Ѓуровски, кој вели дека квалификациите не се завршени.

Пораз од Белорусија за крај на сонот Франција 2016

Македонската фудбалската репрезентација го доживеа и четвртиот пораз во квалификациите за ЕП 2016 година. Како по обичај, водевме 1-0 и на крајот загубивме 1-2. Пачовски го одигра најдобриот натпревар, но не можеше сам.

Македонија – Белорусија низ фотографии

Полупразни трибини, врнежливо време, четврти пораз за Македонија по пет одиграни кола на квалификациите за ЕП 2016 кои се веќе завршена приказна. На арената „Филип Втори“ атмосферата беше како во театар. Се слушаше само скандирањето на околу 50 Белоруси кои допатуваа во Скопје и си заминаа со победа.

Типстерите кои ќе одат на Македонија – Белорусија

Не беше лесно да се типуваат вчерашните меѓународни пријателски натпревари кои донесоа неколку изненадувања, како победите на Сирија над Јордан, Катар против Алжир, а сензација беше триумфот на Иран над Чиле. Петмината кои истипуваа најточно ќе добијат карти за фудбал.

Ѓуровски: Ни фали реализација и подобра комуникација во одбрана

Македонската фудбалска репрезентација го игра петтото квалификациско коло за Европското првенство во Франција 2016. Селекторот Бошко Ѓуровски ќе се обиде слабата реализација во напад да ја корегира со неколку измени во тимот.

Типстер ве носи на Македонија – Белорусија

Типстерите кои денеска најдобро ќе се покажат во типување, ќе добијат карти за петтиот квалификациски натпревар на македонската фудбалска репрезентација кој се игра во петок на „Филип Втори“.

Белорусија ќе ја напаѓаме со изменет состав и друг стил на игра

Македонската фудбалска репрезентација за десет дена го игра петтиот квалификациски дуел за ЕП 2016. Селекторот Бошко Ѓуровски го повика братот на ѕвездата на Челси, Немања Матиќ, Србинот Урош Матиќ кој неодамна доби македонски пасош.

Македонија зад Барбуда, Танзанија и Фарски острови

Македонската фудбалска репрезентација бележи нов пад на најновата ранг листа на ФИФА.

Македонија 104-та, Екваторијална Гвинеја 49-та во светот

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од три позиции на најновата ранг листа на ФИФА.

101-во место за македонската репрезентација

Фудбалскиот национален тим 2015 година ја стартува со пад од едно место на ранг листата на ФИФА.

Како рангира ФИФА зад фудбалската сцена

Навивачите најчесто ги бројат головите и бодовите, но дали знаат на кој начин ФИФА ги рангира светските фудбалски селекции и колку бодови носат натпреварите меѓу земји од различни континенти? Позицијата на Македонија во 2014-та варираше од 73-то до 112-то место.

100-то место за македонската фудбалска репрезентација

Избраниците на Бошко Ѓуровски 2014-та година ќе ја завршат на 100 позиција на ранг листата на ФИФА.