Таг: македонска фудбалска репрезентација

Голот на Абдурахими меѓу најатрактивните во квалификациите

Проектилот на македонскиот репрезентативец против Луксембург со кој во последните мигови од средбата донесе победа од 3:2, УЕФА го смести помеѓу топ 5-те голови во досегашниот дел од квалификациите за ЕП 2016.

Дрес од македонската репрезентација за најдобриот Типстер

Гоце Филиповски е махерот за месец ноември на Типстер и тој ќе добие оригинален дрес од фудбалската репрезентација на Македонија.

Казна од УЕФА за ФФМ од 12.000 евра

Европската куќа на фудбалот паричната казна ја одреди поради употребата на ласери на дел од навивачите.

Македонија повторно излезе од топ 100

Македонската фудбалска репрезентација падна четири места на најновата ранг листа на ФИФА.

Дрес од македонската фудбалска репрезентација за најдобриот Типстер

Подароци ќе има и за второ и трето пласираниот Типстер за месец ноември.

Давид Бабунски: Размислувам шпански, реагирам македонски

Најталентираниот македонски фудбалер во слободно време пишува книга, вежба јога и малку гледа спорт. За Офф.нет.мк раскажува каков е Меси приватно и како се пецкаат со брат му Дориан пред и после Ел Класико.

Словаците со две шанси до три бода на Филип Втори

Македонската фудбалска репрезентација го претрпе третиот пораз во квалификациите за ЕП 2016, вкупно петти од Словачка во досегашните седум меѓусебни дуели. Со головите на Адам Немец и Јурај Кучка, Словачка и натаму е на прво место во групата со максимален ефект.

Добитникот на две карти за Македонија – Словачка

Квалификацискиот фудбалски натпревар на „Филип Втори“ вечерва ќе го гледа Toni Krstevski кој се покажа како најдобар Типстер. 

Ѓуровски: Штета што Најдоски не може да игра

И покрај инцидентот на денешниот тренинг и отстранувањето на двајца репрезентативци од националниот тим, Бошко Ѓуровски е расположен пред тешкиот квалификациски натпревар против Словачка.

Јаховиќ и Георгиевски се скараа на тренинг

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација ги отстрани од националниот тим двајцата фудбалери кои ја нарушиле атмосферата во тимот пред дуелот против Словачка.

Гратис влезници за Македонија – Словачка

Играјте Типстер и гледајте го четвртиот квалификациски натпревар за ЕП 2016 во сабота на „Филип Втори“.

Македонија ќе ја напаѓа Словачка со Давид Бабунски

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација го објави списокот на играчи за квалификацискиот меч против Словачка.

Македонија се врати во најдобрата 100-ка

По срамниот пад минатиот месец на 112 позиција, македонската фудбалска репрезентација според најновата ранг листа на ФИФА направи скок од 13 позиции.

Шпанија - Македонија (Република Кина) 5:1

Во записот на Фудбалската федерација на Германија во графата за квалификациите за ЕП 2016 година, фигурираме како помлади и со туѓо знаме.

Минимален пораз на Македонија во Украина

По трите бода освоени против Луксембург, македонските репрезентативци вечерва не ги искористија шансите во дуелот против Украина, која го казни промашувањето на Адис Јаховиќ во првиот дел. Домашните не реализираа пенал, а нашите неколку зрели шанси.

Џокерот Абдурахими во 92 минута и донесе победа на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација со многу маки стигна до прва победа во новиот квалификациски циклус и тоа со пресврт против аутсајдерот Луксембург од 3:2.

Адеми: Имаме шанси за ЕУРО 2016, инаку не би се собирале да играме

Фудбалерот кој хрватската спортска јавност го гледаше како предводник на младите, се одлучи да го соблече „коцкестиот“ дрес и да го прифати повикот на Бошко Ѓуровски. Хрватот роден во Шибеник, со македонски корени вечерва ќе дебитира против Луксембург и ќе заигра со неговиот братучед, Агим Ибраими.

Бошко Ѓуровски: Победуваме со 60% посед на топка

Ако утре вечер имаме повеќе од 12 удари на голот и повеќе од 10 центаршутеви, ќе триумфираме, изјави селекторот Ѓуровски пред натпреварот со Луксембург.

Македонија–Луксембург ќе ја суди Италијанецот кој му уништи финале на Пандев

Паоло Мацолени е назначен за главен арбитар на вториот квалификациски меч на нашиот национален тим кој ќе го игра в четврток на „Филип Втори“. Има судено градско дерби во Рим, Милано и Џенова, а среќа му донесе на Муарем Муарем.

Тричковски се откажа, Кајмакоски ново засилување

Селекторот Бошко Ѓуровски изјави дека не му е јасно како младите играчи така лесно се откажуваат од националниот тим кој за него значи нешто посебно и емотивно.

Ѓуровски: Бабунски треба уште да се докажува

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација го објави списокот за вториот квалификациски натпревар кој го играме против Луксембург на 9 октомври.

Историски пад на македонската фудбалска репрезентација од 36 места

Најновото септемвриско рангирање на ФИФА нè смести во друштво на Грузија, Кенија, Намибија, Екваторска Гвинеја и Танзанија.

Против Шпанија без Бабунски, Попов, Георгиевски и Грнчаров

Македонскиот селектор го објави списокот за првиот квалификациски натпревар за ЕУРО 2016 против Шпанија кој го играме на „Местаља“ на 8. Септември.

Македонија падна за две места на ФИФА

Според најновото рангирање на Светската куќа на фудбалот, Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на 76. позиција.