Новинарите прават гужва на Филип Втори

Во ситуација кога Македонија тоне од квалификации во квалификации, се наоѓа на последното место во групата за ЕП 2016 со седум порази (вечерва осмиот) и само една победа остварена во 92-та минута против Луксембург, а неодамна падна на 132-то место на ранг листата на ФИФА, на стадион има помалку публика од турнир во мал фудбал во Дељадровце. Ако режисерот од тв преносот сака да покаже гужва, нека ја сврти камерата спрема новинарската ложа. Само ние останавме.