Израмнувачкиот погодок на Кристијано Роналдо на дуелот од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед, ја покажува силата на овој фудбалер кој може да скокне повеќе од просечен кошаркар во НБА лигата.
Кристијано Роналдо веќе е легенда на Реал Мадрид. Раководството на кралскиот клуб организираше средба на Португалецот и дел од најдобрите срелци во историјата на клубот.
Доколку денеска се соберат сите славни имиња од светот на фудбалот и заедно го прослават денот на раѓање, тоа сигурно ќе биде најелитниот роденден преполн со славни фудбалски имиња. Најмлад од нив е Нејмар (21), а највозрасен Чезаре Малдини (81).
Реал Мадрид успеа да ја надокнади предноста на Селта Виго од првиот натпревар и се пласираше во четврт-финалето од шпанскиот куп, а творец на победата беше Кристијано Роналдо кој го отвори резултатот со овој прекрасен гол уште во 3-та минута.
Кристијано Роналдо беше прогласен за најдобар спортист на Пиринеите, но имаше незгода кога на приемот кај шпанската кралица Софија тој се појави со мастика во уста.
Шпанските медиуми ги открија гласовите на Икер Касиљас во изборот за најдобар фудбалер и најдобар тренер за 2012-та година. Наместо кај Мурињо и Роналдо, најмногу поени од капитенот на Реал Мадрид ќе одат за Дел Боске и Серхио Рамос.
Реал Мадрид и Жозе Мурињо продолжуваат со притисокот пред доделувањето на наградата за најдобар фудбалер во светот. Според португалскиот стратег, ако Меси повторно ја добие Златната Топка, тоа ќе биде криминал.
Португалецот кој вечерва ќе го прослави својот јубилеен 100-ти натпревар за националниот тим, стана првиот спортист кој собра над 50 милиони фанови на Фејсбук, а во исто време е и најпопуларен спортски „бренд" на Твитер.
Прашањето во врска со вечната дилема за тоа кој е подобар, Меси или Роналдо, му беше поставено и на претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, а тој даде дипломатски одговор.
Изјавата на Кристијано Роналдо дека тој не е среќен во Реал Мадрид веќе втор ден е топ вест на сите медиуми. Но која е причината за тагата на најголемата „примадона" во спортот?
Кристијано Роналдо и Лионел Меси постојано преку медиумите изјавуваат колку си се почитуваат, но на теренот тоа не е така. Ривалството помеѓу двајцата најдобри фудбалери во Шпанија е толку големо што тие се избегнаа при поздравувањето по завршувањето на реваншот од шпанскиот Суперкуп.
УЕФА ги соопшти имињата на тројцата фудбалери кои влегоа во најтесниот круг за наградата која му се доделува на најдобриот фудбалер во Европа. Андрес Иниеста, Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе се борат за „Златната топка".
Не му беше денот на Роналдо. Кутриот се изнапромашува цел натпревар, а на крајот не стигна ни да шутира пенал. Сепак ќе се запамети и по еден добар потег.
Со двата гола постигнати во дуелот против Холандија, Кристијано Роналдо забележа уште еден рекорд во кариерата. Напаѓачот на Реал Мадрид стана првиот португалски фудбалер, кој успеал да се запише во листата на стрелците на пет големи натпреварувања.
Фудбалската опсерваторија на ФИФА во рамките на Интернационалниот центар за спортски студии го прогласи Лионел Меси за најпродуктивен фудбалер во конкуренција на играчите од петте најсилни лиги во Европа.
Како би изгледала табелата на шпанската Примера без учинокот од 96 гола и 33 асистенции на Кристијано Роналдо и Лионел Меси за Реал Мадрид и Барселона?
Големото Ел Класико дерби ќе се одигра во сабота, а во центарот на вниманието ќе биде дуелот помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои оваа сезона постигнаа 41 гол во шпанската Примера, нешто што не им успева на третина од европските клубови.
Радоста на Барселона на негативата од само еден поен траеше само еден ден. Реал Мадрид си ја врати предноста од четири поени со победата од 1:4 на гостувањето кај Атлетико во големото градско дерби на Мадрид. Стрелец на три гола беше Кристијано Роналдо со што Португалецот го престигна Лионел Меси на листата на стрелци.