Кристијано Роналдо пристигна во Манчестер Јунајтед пред точно една деценија како еден вид замена за Дејвид Бекам. Но почетоците во Премиер лигата на фудбалерот кој достигна светска слава и кој заработува по 17 милиони евра годишно воопшто не биле лесни.
Младиот 18 годишен Португалец не го почитувал редот на тренинзите и постојано кога ја имал топката глумел дека е фаулиран, а за да се одвикне од тие неспортски потези се погрижиле неговите поискусни колеги кои често пати се нервирале поради тоа.
„Роналдо многу често глумеше дека е фаулиран. Се обидуваше на неспортски начин да изнуди фаули и поради тоа беше многу критикуван и ставан под притисок. Во првите 12 месеци од неговото доаѓање имаше голема строгост кон него и штом ќе ја фатеше топката Сколс, Кин и Бат го удираа цело време. Не само еднаш, туку тие го удираа секој ден, секоја недела, цела сезона", раскажува Невил.
Во документарниот филм во кој учествуваат и Сер Алекс Фергусон, Арсен Венгер, Рио Фердинанд и самиот Роналдо, Фил Невил смета дека лекцијата за него се покажала како успешна затоа што според него тој е сега најдобриот фудбалер на планетата.
„Тој работеше најмногу од сите колеги за да го развие својот феноменален талент. Ја земаше топката и трчаше околу тренинг центарот за да ги развива своите вештини и триковите како да ги измами противничките играчи. Тоа го правеше секој ден кружејќи околу комплексот", вели Невил.
Тркалото се врти па можеби сега Роналдо ќе се обидува да диктира строгост кон новодојдените во Мадрид, како на пример со овој старт врз Герет Бејл кој потоа му врати со финта низ нозе.