Луксузниот автомобил кој му припаѓаше на Кристијано Роналдо се наоѓа во отпад, а адвокатот на новиот сопственик изјави дека е постигнат договор со Ebay, демолираното Ферари повторно да се продава на аукција.
Веб страницата за продажби, на сопственикот на искршеното Ферари ќе му исплати оштета од околу 20 000 евра откако ги обезбеди документите дека претходниот газда на автомобилот бил португалскиот фудбалер.
За сега не постојат информации на кој датум ќе почне продажбата која првиот пат од почетна цена од 50 000 евра достигна 125 000 евра.
Ѕвездата на Реал Мадрид, сообраќајната несреќа со Ферарито ја направи во близина на аеродромот во Манчестер во 2009 година, само неколку дена откако беше прогласен за најдобар фудбалер во 2008 година.