Нумерологијата на копачките на Роналдо

Ѕвездата на Реал Мадрид ќе носи нов пар на копачки, модел CR Mercurial IX на кои има седум бројки секоја со свое значење.

Бројките ги означуваат личните достигнувања на Роналдо во 2012 година:

1 - Прва титула во шпанската Примера
9 - постигнати гола за селекцијата на Португалија
14 - натпревари одиграни за националниот тим
19 - различни екипи во шпанското првенство против кои постигнал гол
27 – години наполни во 2012
55 - одиграни меча на сите клупски натпреварувања
60 - гола на сите натпревари за Реал Мадрид

4 јануари 2013 - 10:54