Роналдо не мрда од Мадрид

По пензионирањето на Алекс Фергусон започнаа да се шират шпекулациите околу промените во тимот на Манчестер Јунајтед, а една од гласините е поврзана со враќањето на Кристијано Роналдо, но тој самиот ги демантираше овие гласини и тоа преку прослава на гол.

Првите гласини околу промените во составот на Манчестер Јунајтед се за заминувањето на Вајн Руни и враќањето на Кристијано Роналдо.

Меѓутоа Португалецот најверојатно за сега не е заинтересиран да го напушти Мадрид. Тој синоќа го постигна 200-от гол во дресот на Реал Мадрид при победата од 6:2 над Малага, а при прославата извикуваше "Yo aquí, yo aquí" односно „Јас останувам тука!"