Со хет-трикот против Севиља, Кристијано Роналдо се најде на 6-та позиција на најдобрите стрелци во историјата на Реал Мадрид со 182 голови по 179 натпревари. Пред него на вечната листа се само уште Раул (323 голови), Алфредо ди Стефано (308), Сантиљана (290), Ференц Пушкаш (242) и Хуго Санчез (208).
Роналдо веќе ги надмина Франциско Хенто, Пири, Емилиоо Бутрагењо и Амансио Амаро, а челниците на клубот на симболичен начин го одбележаа тоа. Хенто, Пири, Бутрагењо и Амансио го поздравија неговиот досегашен успех и му посакаа еден ден тој да се искачи и на врвот на вечната листа.
Кристијано има уште многу за да ги достигне 328-те голови на Раул, но тој во моментов е најефикасен стрелец во историјата на клубот. Тој постигнува по 1,02 голови на натпревар, а Раул по 0,43. Најблиску до Роналдо е Ференц Пушкаш кој постигнувал по 0,93 голови на натпревар.