Со двата гола постигнати во дуелот против Холандија, Кристијано Роналдо забележа уште еден рекорд во кариерата. Напаѓачот на Реал Мадрид стана првиот португалски фудбалер, кој успеал да се запише во листата на стрелците на пет големи натпреварувања.
Фудбалската опсерваторија на ФИФА во рамките на Интернационалниот центар за спортски студии го прогласи Лионел Меси за најпродуктивен фудбалер во конкуренција на играчите од петте најсилни лиги во Европа.
Како би изгледала табелата на шпанската Примера без учинокот од 96 гола и 33 асистенции на Кристијано Роналдо и Лионел Меси за Реал Мадрид и Барселона?
Големото Ел Класико дерби ќе се одигра во сабота, а во центарот на вниманието ќе биде дуелот помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои оваа сезона постигнаа 41 гол во шпанската Примера, нешто што не им успева на третина од европските клубови.
Радоста на Барселона на негативата од само еден поен траеше само еден ден. Реал Мадрид си ја врати предноста од четири поени со победата од 1:4 на гостувањето кај Атлетико во големото градско дерби на Мадрид. Стрелец на три гола беше Кристијано Роналдо со што Португалецот го престигна Лионел Меси на листата на стрелци.