Големата нето заработувачка на клубовите од Премиер лигата е објавена во годишниот магазин за финансии во фудбалот, а вкупниот ќар во периодот од 2008 до 2012 година изнесува 1,144 милијарди фунти.
Најмногу пари од само еден играч заработил Манчестер Јунајтед во 2009 година со трансферот на Роналдо во Реал Мадрид кога заработи 80 милиони фунти и кој се уште е најскап во историјата на фудбалот.
Минатата година нето заработувачка од нешто повеќе од 65 милиони фунти бележи тимот на Арсенал, додека Тотенхем во 2009 година од продажба на играчи заработил 56 милиони фунти.
Според магазинот, во последните години во Премиер лигата драстично е зголемен профитот од продажба на играчи. Во 2004 година на пример, нето добивката на клубовите изнесувала само 28, 6 милиони фунти, кога во загуба биле 7 клубови.
Во 2012 година единствените два клуба кои не успеале да профитираат се Ливерпул и Сандерленд.