Таг: косово

Од чија си бе ти пријателе?

Фасцинантно од синоќешните квалификациски натпревари е што Косово успеа на Англија да и даде три гола и тоа на гости. Поведе во 37 секунда, ама затоа до крај на прво прими пет, а во второ даде уште два за конечни 5:3. Автоголот што си го даде е како за во градинка.

Треба ли Македонија да се подзаплаши од серијата на Косово?

Комарџиската страна Бет365 излезе со еден скроз неочекуван, па ќе речеме и шокантен твит. Нашиот северен сосед кој до вчера не беше дел од ФИФА и УЕФА, да ти има подобра низа на резултати од дури шест светски фудбалски велесили.

100 размени на територии по туѓ грб не болат

По повеќе од деценија војни тука и деценија судења во Хаг, уредничкиот колегиум на Фајненшл тајмс иднината на Србија и Косово ја гледа во етнички чисти територии кои би се добиле со размена на територии меѓу двете страни, што е токму точката од која воопшто почнаа сите злотвори на овие простори.

Косоварите собираат пари да ја платат казната на Шаќири и Џака

Иако се најавуваше дека ФИФА ќе ги казни Гранит Џака и Ѓердан Шаќири со неиграње натпревари на Светското, сепак се решија само парично да ги казнат фудбалерите кои имаат потекло од Косово а играат за Швајцарија.

Три билборди ВО Приштина

Инспирирани од кандидатот за Оскар, косовскиот Хавеит колектив закупува 3 билборди пред седиштето на косовската полиција во Приштина.

Сити не го заборави 21-годишниот Косовар кој заврши кариера

За да не се повтори трагедијата на унгарскиот талент од Бенфика или Камерунецот кој играше за „Граѓаните“, лекарите го предупредиле малиот Синан од Призрен да ја прекине фудбалската кариера иако талентот го одведе во гигантот Манчестер Сити.

Како Вучиќ „избра“ премиер на Косово

Да сумираме: со помош на малцинските гласови од Српската листа, која се наоѓа под директна контрола на Александар Вучиќ, за косовски премиер е избран човек чие предавање на Србија, заради сомнеж за воени злостори против Србите, го бараше самиот Вучиќ само неколку месеци пред изборите. А сè започна заради едно невино брачно патување.

Разбирачката е од ќотекот излезена

Сè што разбравме од клипов е „мајмун“, и дека овој во сакото е јак на вилица, како за зборување, така и за примање директи. Инаку двајцата се пратеници во косовскиот парламент и веќе не е ни битно за што збореле.

Еди Рама, големата унија и малата платформа

Во разговор за американскиот магазин Политико, во добар дел околу ситуацијата во Македонија по излетот на албанските партии од Македонија во Тирана, албанскиот премиер Еди Рама ѝ пушти ишарет на ЕУ „ал да доаѓаме, ал да се спојуваме“.

Мojaта мачка Југославија

Реткост е автор со потекло од Косово да се најде, и тоа со дебитантско дело, помеѓу одбраните за превод на англиски од престижен издавач. Но дали вметнувањето на зборот „Југославија“ во наслов кој треба да асоцира на „егзотично“ потекло и тешка имигрантска судбина знае да биде и маркетиншки трик?

ФИФА објави листа, Косово е пред Македонија

Продолжува слободниот пад на македонската фудбалска репрезентација која што по најновата ранг листа на ФИФА се најде на 166. место.

Мосад осуетил терористички напад врз фудбалерите во Албанија

Албанецот од Косово Лавдрим Мухаџери кој се смета за еден од командантите во терористичката организација ИСИС планирал напад врз израелските фудбалери на мечот во Албанија.

Косовско третолигашко славје во вода

Фудбалерите на КФ Арберија од третата косовска лига го победија Лепенчи и триумфот го прославија во склад со временските услови.

Мојот стрес, Косово и Гатузо

Самир Ујкани е еден од 11-те играчи кој ќе биде запишан во историјата на својата земја кој настапил на нивниот прв фудбалски меч во историјата. На неговиот настап му претходел огромен стрес и несоница во очекување дали ќе добие дозвола да игра.

Хероината од Косово која освои златен медал

Џудистката од Косово, Мајљинда Кељменди изјави дека го остварила својот животен сон со освоеното злато на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро каде стана хероина на вториот натпреварувачки ден.

Колку чини една кореографија против УЕФА

Навивачите на Црвена звезда сериозно ѝ се намерачија на УЕФА по одлуката на Европската фудбалска куќа да го признае Косовскиот фудбалски сојуз како нова членка која ќе може да игра квалификации за ЕП и СП.

Шаќири ќе игра за Косово затоа што остана без капитенска лента

Најдобриот фудбалер на Швајцарија, Ѓердан Шаќири го нарушил мирот во кампот на оваа репрезентација откако изјавил дека ќе продолжи да игра за Косово затоа што му ја зеле капитенската лента во Швајцарија.

Четворица можеа да ја изберат Македонија, но избраа друго

На Европското првенство кое почнува вечерва од 21 со мечот Романија - Франција, над 166 фудбалери можеле да бираат за која земја ќе играат поради тоа што родителите или бабите и дедовците им мигрирале во други држави и стекнале услови за државјанство. Со клик на мапата, а потоа и на секоја земја може да видите колку играчи можеле да одберат друга репрезентација. Кај Франција од 23 репрезентативци, 15 имале право да играат за друга земја, а македонскиот дрес бил алтернатива за: Емре Мор (клуб Дортмунд/ репрезентација Турција/ по баба Македонец), Блерим Џемаили (Џенова/Швајцарија/Боговиње, тетовско), Адмир Мехмеди (Б. Леверкузен/Швајцарија, Гостивар), Насер Алији (Базел/Албанија/Куманово).

Кумановец, Тетовец и Гостиварец ќе играат на Европското

Во сабота три часа после пладне, на стадионот Болар-Делеи во Ленс ќе се игра вториот меч од ЕП меѓу Албанија и Швајцарија. Од 22-ца на теренот, хипотетички е можно само тројца да се родени во земјата за која играат.

Косово стана дел од европското фудбалско семејство

Најновата членка на УЕФА, вкупно 55-та е нашиот северен сосед кој се очекува да се натпреварува на квалификациите за Светското првенство во 2018 година.

Бутик Хилари, Приштина

Во главниот град на Косово постои бутик кој продава женска облека, исклучиво онаква каква што би носела некогашната државна секретарка на САД со претседателски амбиции, Хилари Клинтон. Ако не знаете каде точно е сместен бутикот Хилари, прво дојдете до плоштадот Бил Клинтон.

Сергеј Трифуновиќ: Одмазда на просекот

Ова што ќе го прочитате е моето прво забрането интервју во животот. Дадено е за потребите на дневниот весник Блиц. Со спомнатото средство за информирање сум во судски спор, тоест ги тужам за извесна бљувотина објавена пред половина година. Каква, ќе видите во текстот....