На трите билборди пред полициската станица е испишано:
- Диана Кастрати
- Зејнеп Битиќи
- Уште колку пропуштени телефонски повици?
Во филмот беше силување и убиство, во косовскиот случај е домашно насилство и убиство. И Диана и Зејнеп се убиени од своите сопрузи по неколкугодишно малтретирање и претепувања. И двете жени, инаку целосно неповрзани случаи, повеќекратно ги пријавуваат своите сопрузи во полиција за малтретирање.
Пораката на Хавеит колектив е за косовската полиција и правниот систем.
Инаку сопругот на Зејнеп за убиството беше осуден на 13 години затвор, што предизвика масовни протести во Приштина. Сопругот на Диана пребега и е уапсен во Шпанија, меѓутоа не е екстрадиран затоа што земјата не го признава Косово како држава.