Таг: јапонија

Бавен секс, долг живот

Царските архиви во Токио содржат различни медицински совети за долговечност. Меѓу нив и такви кои имаат врска со суптилната уметност на спалната соба. Запомнете го бројот десет.

Јапонските будистички текстови за неписмени

Дури и со наставните помагала на 21-от век, пишуваниот јапонски не е нешто што може лесно да се совлада. Пред неколку стотини години било уште потешко, особено за оние кои требало да ги учат сутрите, или светите будистички текстови. Решение - нешто слично на денешното читање преку емотикони.

Кого удрам не жалам: јапонскиот спорт на фрлање снежни топки

Секоја година на 20 февруари на планина на Хокаидо почнува вистинска битка, со снежни топки и детални правила. И тоа не за деца, туку за професионалци во оваа работа.

Јапонија бе!?!?!?

Јапонската влада како јапонска влада има нешто што се вика „Правила за официјално пишување“ кои важат веќе со децении. Во овие правила до сега никаде немаше спомнато користење на извичник и прашалници, па тие не ни беа користени во официјалната владина кореспонденција. Сега ги има.

Зошто јапонските тинејџери ја користат свастиката на социјалните мрежи?

Ја препознаваме како симбол на нацизмот и антисемитизмот, но свастиката е широко присутна во древните религии, вклучително и во делови на Азија, каде означува „среќа“ или „милосрдие“. Од пред некоја година младите Јапонци го актуелизираат симболот, веројатно несвесни за бремето коешто тој го носи.

Јапонија за (ковид) Јапонците

Властите на префектурата Токио на сите жители на своја територија заглавени дома заради ковид-19 им испорачуваат „пакет за грижа“ составен од три кутии, главно пиење и јадење (кое пак е главно нудли). Ова е распакување на еден таков пакет.

Што беше прво што го сонувавте во новата година?

И во нашата традиција она што се случува прво во новата година се смета за знак за она што ќе следи. Во јапонската традиција таков пророчки момент е првиот сон во новата година.

Исчезнатиот јапонски „трет род“

Во периодот Едо во Јапонија била вообичаена (дури и неопходна како животна фаза) родова меѓу-позиција за млади мажи, наречена „вакашу“, која по вестернизацијата на земјата исчезнала.

Самурајот што го запознал папата и станал жител на Рим

Тоа дека Европејци патувале, тргувале или вршеле мисионерски дејности и низ најзабаталените краишта на светот е познато, како и честите негативни последици од истото. Но обратните примери се поретки и оттаму поинтересни. На пример како во 17 век еден јапонски самурај дошол во Европа.

Јапонија ќе му даде по 900 долари на секое дете

Ваучер и готовина од 100.000 јена (882 долара) ќе им бидат дадени на сите деца во Јапонија на возраст до 18 години, како дел од пакетот за стимул на тамошната економија.

Девојките од лифтовите

Што значи жена во Јапонија?

Оман ја победи Јапонија со еврогол, коментаторот полуде

Најголемото изненадување на стартот на азиските квалификации за Светско првенство 2022 го направи репрезентацијата на Оман која ги издржа сите налети на силните Јапонци и во 88’ минута по една контра даде гол. И тоа каков гол на Исам Ал Саби за историска победа против голем ривал и први 3 бода во групата.

Челичниот подвиг на Јапонка која освои бронза по тешка повреда

Во вторникот Јапонката Микидо Андо освои олимписка бронза во тешка атлетика, односно во дисциплината кревање тегови. Резултатот е невројатен ако се знае дека Андо пред само пар недели била во инвалидска количка со штаки во раце.

Хонкаку: јапонскиот клуб на aвтори на мистерии

Во Јапонија постои здружение на автори кои пишуваат „хонкаку“, односно „автентични“, вистински мистерии. Традицијата на ваквата литература во оваа земја е долга, а во англиското говорно подрачје допрва се популаризира, со први преводи на повеќето од книгите.

Преведувач доби жолт картон што превел што рекол тренерот

Анге Постекоглу е грчки тренер роден во Атина кој цел живот играл и работел во Австралија уште од 1978-ма година. Беше и селектор на оваа земја која ја водеше на Светско првенство. Сега е тренер во јапонска Јокохама Маринос каде преведувачот го окрка стапот откако на судијата му превел нешто што рекол тренерот Постекоглу.

54-годишниот Јапонец кој од 1994-та брка гол за вечен рекорд

Казујоши Миура на 26 февруари наполни 54 години. Ја игра 36-та сезона по ред како професионален фудбалер, 17-та по ред со неговата Јокохама. Стана рекордер како највозрасен фудбалер на светот, а сега брка еден рекорд поставен пред 27 години од легендарниот Зико.

Нов договор за најстариот фудбалер на светот

Неуништивиот Јапонец Казујоши Мијура е тема на денот во светот на фудбалот, откако на 53-години потпишал нов договор со Јокохама и уште ќе игра во најдобрата јапонска Џеј-лига.

Кога 40 самураи прв пат прошетале по улиците на Лондон и Париз

Приказната за првата официјална посета на јапонска делегација на САД и Европа е полна со хумористични анегдоти за културни недоразбирања. Како глетката на самурај како му го чува мечот на својот надреден во тоалет на луксузен париски хотел, и му свети со хартиена ламба под зачудените погледи на Европејците и светлината на тогаш веќе постоечките гасни светилки.

Само Бразилец може да смисли ваква асистенција

Во азиската Лига на шампиони Јокохама со 4:1 го победи Жеонбук од Јужна Кореа. Третиот гол на мечот, во 71' кој го даде Терухито Накагава беше по ненормална асистенција на 26-годишниот Бразилец Ерик.

Непознатиот музичар чии композиции секојдневно ги слушаат милиони Јапонци

Се вика Минору Мукаија, и е композитор на „хаша мероди“ или „мелодии за заминување на возови“ - кратки џинглови кои го означуваат расчистувањето на платформите и затворањето на вратите на некои од најпрометните станици во Јапонија.