Челичниот подвиг на Јапонка која освои бронза по тешка повреда

Во вторникот Јапонката Микидо Андо освои олимписка бронза во тешка атлетика, односно во дисциплината кревање тегови. Резултатот е невројатен ако се знае дека Андо пред само пар недели била во инвалидска количка со штаки во раце.

Три недели пред стартот на Олимпијада 2020 во Јапонија, Микико Андо сериозно го повредила коленото откако испуштила шипка со 120 кг тежина.

Микико почнала со тренинзи дури минатата недела но на Летните Олимписки Игри дошла спремна, во одлична кондиција.

„Кога се повредив помислив дека е крај, готово. Само што почнав да одам но не можев да го виткам коленото. Се чувствував безнадежно“, вели Андо.

Се спремала постепено и ја кренала формата за Летните Олимписки Игри во Токио. Коската брзо и зараснала и таа почнала одново да крева тегови, на само неколку денови пред почетокот на Олимпијадата.

А таму, Микико Андо ги покорила речиси сите во натпреварувањето кревање тегови од 214 килограми (зад лидерката заостанала 22 килограми) и освои бронзен медал. Вели дека без повредата би кренала многу повеќе. 

„Многу бев немирна поради коленото и не знаев дали ќе се опоравам за натпреварите“, рекла таа.

Таа сега се надева дека нејзниот бронзен настап ќе ги заинтересира луѓето за оваа дисциплина кревање тегови и дека ќе стане попопуларно.

„Не е како атлетика или пливање во кои вие го оценувате својот развој според бројки. Но сигурно можете да се развивате понатаму ако се посветите на тоа и се стремите кон повеќе“, додава Андо Микико која покажала челична волја.

29 јули 2021 - 10:24