Звучи како наслов од хорор, евентуално трилер роман, но друг тип на уметност е во прашање. За јапонската уметница Мива Јанаги, „девојките од лифтовите“ (хостесите вработени да поздравуваат муштерии во стоковни куќи) се докажале како потентен начин да се истражи улогата на жените во јапонското општество.
Нејзината прва соло изложба има разни униформирани модели што стојат покрај лажни ескалатори и лифтови и изведуваат ритуални активности. Јанаги го проширува концептот во тригодишна серија од фотографии, со групи на идентично униформирани Јапонки во разни надреални сценарија, со физичките карактеристики дигитално изманипулирани да изгледаат похомогени.
Еднаш веќе кажавме дека Јапонците се од некоја друга планета.