Таг: Италија

Колку чини животот на запад?

Такси чини повеќе отколку во Париз. Кило тортелини се триеспет евра кило, a aко на некој му се пријаде цреши на Божиќ, има. И тоа има, за цена од триесетиосум евра кило. Еден коктел е од четири до дванаесет евра, а грам кокаин стотка. Книгите се вистинска привилегија, а забарите се крадци пар екселанс. 

Меч во Италија се купува за 600 илјади евра

На последното сослушување, србинот Алмир Гегиќ кој пред два месеци беше уапсен во Италија за местење натпреври, на слика го посочи човекот кој давал мито во износ од 600 илјади евра за еден натпревар.

Банкарот кој воведе нови шеми во фудбалот

Човекот кој работи во сенка во екипата на Фиорентина не и е многу познат на јавноста, но тој го носи прекарот "магионичар" затоа што за 38% проценти од постигнатите голови на „Виолетовите" заслугите му ги препишуваат нему.

Скопје виа Тревизо

Се нервирам и се мислам дека не е фер да си роден во толку ексклузивно место. Скопје е изгор скапо. Скопје е мета за богаташи. Ебем му матер, да леташ Милано - Њујорк е поефтино. Сè додека, еден ден, живи радости. Вовеле ефтин лет до Скопје. Конечно цената да одиш дома не се наплаќа со камата.

Чевли, чевли, па цел свет

Нема понеграциозна сцена од жена што многу сака да се штикла, а не знае, па без да сака се подгрбавува, ги шири нозете на О давајќи притисок на надворешната страна на табаните и во најлошите случаи ги влече штиклите по земја создавајќи прилично непријатно штракање. Кога во цело неумеење облака и некои вакви чевли, тогаш драги мои купете семки и спремете се за сеир, забавата може да започне.

!"£'%&%%,<\!!!

Ако можев да се размафтам, ќе ја отворев левата дланка и со показалецот од десната ќе ја тапкав повеќе пати левата и без да отворам уста ќе кажев: "Гледаш тука што има напишано, читај!" Oд оваа причина, насловот нема зборови, пишан е на рачен италијански.

Луксуз и кило кромид

Јака риба на штикла петнаесет никогаш не се замислува во домаќинско сценарио, нели? Ама, ако поминете позади Дуомото во Милано, не е чудо да налетате на вашата сексуална фантазија која самоуверено влегува во еден од најлуксузните бутици и наместо со пар Маноло Бланик искача со кеса кромид и кило моркови.

Италијанците и позајмуваат пари на Италија

Марио Монти реши да воведе "патриотски обврзници" за спасување на земјата, со чие купување граѓаните директно ќе даваат пари за полнење на буџетот. И таман кога сите се спремија да го критикуваат, парите почнаа да доаѓаат.

Што знае даночник што се 100 мил. евра

Добра вест за Италија: дел од Италијанците почна крајно сериозно да си ја сфаќа работата. Лоша вест за Италија: така што најбуквално го сфатија терминот собирање пари од данок.

Нема веќе "долче вита" во Италија

Колони камиони наполнети со половни Ферарија ја напуштаат Италија, откако се повеќе Италијанци се помирија дека убавиот живот заврши.

Во одбрана на италијанските мажи

Највисокиот суд на Италија одлучи - никој не смее на Италијанец да му каже дека "нема муда."

Италија ќе ги укинува празниците

Освен што им ги ограничи парите што може да ги трошат, Марио Монти работи и на ограничување на деновите што Италијанците нема да ги работат.

Јавниот непријател на мафијата

Кога минатиот петок се врати во Рим, обвинителот Никола Гратери дозна дека се подготвува атентат на него. Само неколку денови претходно, во сосема друг случај, Гратери разбра дека мафијата купила 13 кг. пластичен експлозив наменет за него.

Италија во лов на Ферарија

Низ цела Италија полицијата на големо застанува возачи на Ферари и Ламброџини, ама не заради возењето, туку да провери дали имаат платено данок.

Италијанецот што случајно стана градоначалник

Новиот градоначалник на едно планинско гратче на северот на Италија ја доби функцијата без воопшто да ја сака и без никој близок да гласа за него.

Од каде си? Од исток.

Првиот пат мислев дека е комплимент. После се подзамислив. По некое време сфатив дека "Жена од исток" најчесто се употребува во негативна конотација. Се однесува на жени кои за нив се неписмени и невкусно облечени. Чистачки, бебиситерки, а кога се помлади, курви. А од помладите, Италијанките се мочаат од страв.

Црна берза за бебиња

Во италијанскиот град Казерта неплодните парови купуваат бебиња од бремени Бугарки, кои специјално за тоа доаѓаат во Италија кога ќе влезат во 8-ми месец.

Сè помал се тресе во ладна вода

Во Италија промените во начинот на живеење довеле до растење на рацете и нозете кај мажот. Но, во последниве 60 години неговиот пенис се смалил за околу 1 сантиметар.