Вкупно 13.633 половни Ферарија (стари едвај неколку години) се извезени од Италија во првите 5 месеци од 2012-та, што е речиси 3-пати повеќе од претходната година (2011. - 4.923 автомобили).
Освен ова и продажбата на супер-лускузни автомобили во Италија е падната за 47% во споредба со 2008-ма (593 наспроти 1.116).
На страна кризата, како дел од мерките за штедење, премиерот на Италија воведе и нови даноци на супер-автомобилите. Па така сопствениците на Ламборџини Авентадор од 316.000 евра, секоја година ќе треба да плаќаат по 8.400 евра данок. Претходно оваа ставка изнесуваше 1.800 евра.
Во овие мерки влегуваат и проверки на даночниот статус на сопственици на супер-автомобили, во кои беа откриени повеќе лица кои не плаќале данок и кои на државата и должат по неколку милиони евра.
Освен Ферари, сличен проблем има и италијанското претставништво на Порше, каде пресметале дека во првите 5 месеци на 2012-та Италија ја напуштиле 1.134 Порше Кајен.