Таг: фк вардар

Грне внимавај на дечкото кој не продаде ниту еден дрес за Јуве, во топ форма е

Напаѓачот на Розенборг, Никлас Бендтнер котира доста високо во светот на тролањето, но вечерва ќе го напаѓа Вардар како втор стрелец во норвешкото првенство и затоа пожелно е цврство да се чува.

Во Норвешка се воопшто по фудбалот?

Актуелни прваци се, рекордери со 24 титули во својата земја, лидери на табела, со славен шпиц од Арсенал, а интерес за медиумите нула.

Џабе е апелот на навивачите, Вардар не ги намалува цените за ЛЕ

И покрај големиот број на реакции во медиумите и социјалните мрежи и слабата посетеност со Зенит, управата на ФК Вардар не попушта со цените за натпреварот против Реал Сосиедад во Лига Европа.

Вози Мишко, има да се клацкаме за Вардар 6.500 километри

Норвешка, Русија и Шпанија беа најдалечните можни дестинации кои можеа да им се паднат на фудбалерите на Вардар во дебитанската сезона од Лига Европа. А што да кажат нивните навивачи? Кај ќе се тушираат и ќе мијат заби од денес до четврток и потоа пак назад?

Подобро поволни цени и полн стадион, отколку со 1.200 денари полупразен

Иако до вториот меч на Вардар во Лига Европа на Филип Втори има скоро уште месец дена, навивачите почнаа да испраќаат апели до управата на клубот да подразмисли за цените со Реал Сосиедад. Најслабо публика со Зенит имаше на најскапите блокови.

Како настанало ривалството меѓу Чкембари и Комити

Во пресрет на дербито меѓу Пелистер и Вардар кое заврши со победа на гостите од 0:1, битолчани дадоа објаснување за тоа кога, како и зошто почнале да се мразат со скопјани.

Како е можно меч од прва лига да се следи од брдо?

Во период кога Работнички е домаќин во Ѓорче, а Вардар во Маџари нема крај на нелогичностите во македонскиот фудбал. Таман еден клуб пркна и тоа саглам до Лига Европа и пак треба да се занимаваме со непотребни загатки, зошто и како некој дозволил вакво нешто.

Грнчаров: Заслужува ли Вардар да игра на селски стадиони?

Одлуката на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор да го поскапи рентањето на Градски, ги избрка Вардар и Работнички од својот матичен стадион. Капитенот на Вардар реагираше на Фејсбук.

Вардар плаќал наем како да игра на „Вембли“, управата шокирана

Комплетното раководство на ФК Вардар отвори душа за сите тековни работи во и околу клубот. Тотално се разочарани од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор кое им побарало 40.000 евра за еден меч на „Филип Втори“.

Самсоненко останува во Вардар и ветува подобра кампања за ЛЕ

Откако пред еден месец Сергеј Самсоненко ја шокираше јавноста дека се повлекува од сите три клуба кои ги финансира, денеска изјави дека се пишмани и дека останува и во добро и во зло. Во однос на мечот со Зенит имаше пофални зборови за навивањето на Комитите и критики за маркетингот.

Комитите оставија грла на стадион

Губел или не нивниот тим 5:0, Комитите го сакаат Вардар и во прво и во второ, ама и во трето полувреме кое траеше со нив на празен терен и празен стадион. Само тие не се мрдаа и непрекинато пееја едно половина час по последниот свиреж на судијата. Браво за нивното деби во ЛЕ и големата бројка со која запад го исполнија повеќе од пола.

Неславно деби на Вардар во Лига Европа

Европската есен за македонскиот шампион полошо не можеше да почне. Зенит допатува во Скопје како голем фаворит и тоа го покажа на моќен и убедлив начин. Вардар не мрдна и дури 5 пати ја вадеше топката од гол. Впечатокот е дека се работи за разлика во класи.

Патот на Вардар до остварувањето на европскиот сон

Ова европско лето на Вардар ќе се памети долго не само поради самиот успех, туку и по исклучително тешкиот пат за да се стигне до таа толку посакувана групна фаза каде парите, возбудата и конкуренцијата се поголеми. Во квалификациите за ЛШ го минаа Малме со вкупни 4:2, па беа елиминирани од Копенхаген со истиот резултат. Плејофот во ЛЕ беше полн погодок. Падна големиот фаворит Фенербахче на кој му се случи дебакл. 2:0 во Скопје, 1:2 во Истанбул. Ако можете со Фенер, можете и со Зенит. Со среќа нека е.

„Градски“ има видео систем каков што Зенит не видел

Луѓето од Вардар не знаат да се пофалат ниту кога има работи за фалење па мора да дознаваме од странски медиуми кога станува збор за наш домашен стадион. После се жалат како медиумите пишувале само неубави работи.

Клубовите од Лига Европа вредат 3,3 милијарди фунти, Вардар е трет од позади

Дека македонскиот првак се наоѓа во многу славно и богато друштво, доволен е податокот кој вели дека најскапиот клуб вреди 52 пати повеќе од Вардар. Во нашата група Реал Сосиедад тежи колку 15 Вардари.

Комитите направија шоу на тренингот на Вардар

На околу 24 часа пред стартот на историскиот меч на Вардар во групната фаза од Лига Европа, најверните навивачи на Вардар ја запалија арената Филип Втори. Блок карти за запад повеќе нема, апелираат да се купува за другите трибини.

Празнична фудбалска недела со Вардар - Зенит и Барселона - Јувентус

Лесно ќе се сложите со нас дека понеделник е глуп ден од повеќе аспекти, особено што од фудбал може да се гледаат Хадерсфилд и Лас Палмас, ама кој го врти денов. Ќе го искористиме да го најавиме уживањето кое престои. Во четврток сите на стадион.

Како ќе игра Зенит против Вардар

По слабата сезона лани кога ја загуби трката за титулата во Русија, Зенит во новата сезона влезе освежен со многу нови играчи и со тренер кој им донесе нешто што им фалеше. Мирисот на Аргентина им најавува трофеи сезонава.

Излегуваат коефиценти за Вардар - Зенит

И покрај фантастичните игри на “црвено-црните“ сезонава, букмејкерите го сметаат Вардар за тотален аутсајдер против рускиот гигант Зенит. Но тоа сигурно им одговара на момците на Чеде Јаневски кои така беа потценети и против Фенербахче.

Популарни цени за карти за Вардар во Лига Европа

Љубителите на фудбалот во земјава ќе можат во живо да ја следат фудбалската есен на Вардар со блок карти по мошне популарни цени. Има и поединечни влезници за секој меч посебно.

Кој е рускиот џин кој го засилува Вардар

За Максим Максимов Европа разбра откако се изнадава голови во квалификациите за Лига Европа во дресот на анонимниот литвански прволигаш Тракаи кој играше против Шкендија во третото коло.

Што го чека Вардар во Лига Европа

Многумина очекуваа клубови од поблиски градови ширум Европа, со цел полесно да се режира евентуално гостување, а Ерик Абидал извлече далечни дестинации. Што е тука е, Вардар го очекува убава фудбалска есен.