Патот на Вардар до остварувањето на европскиот сон
Ова европско лето на Вардар ќе се памети долго не само поради самиот успех, туку и по исклучително тешкиот пат за да се стигне до таа толку посакувана групна фаза каде парите, возбудата и конкуренцијата се поголеми. Во квалификациите за ЛШ го минаа Малме со вкупни 4:2, па беа елиминирани од Копенхаген со истиот резултат. Плејофот во ЛЕ беше полн погодок. Падна големиот фаворит Фенербахче на кој му се случи дебакл. 2:0 во Скопје, 1:2 во Истанбул. Ако можете со Фенер, можете и со Зенит. Со среќа нека е.