Таг: фк вардар

Клубовите од Лига Европа вредат 3,3 милијарди фунти, Вардар е трет од позади

Дека македонскиот првак се наоѓа во многу славно и богато друштво, доволен е податокот кој вели дека најскапиот клуб вреди 52 пати повеќе од Вардар. Во нашата група Реал Сосиедад тежи колку 15 Вардари.

Комитите направија шоу на тренингот на Вардар

На околу 24 часа пред стартот на историскиот меч на Вардар во групната фаза од Лига Европа, најверните навивачи на Вардар ја запалија арената Филип Втори. Блок карти за запад повеќе нема, апелираат да се купува за другите трибини.

Празнична фудбалска недела со Вардар - Зенит и Барселона - Јувентус

Лесно ќе се сложите со нас дека понеделник е глуп ден од повеќе аспекти, особено што од фудбал може да се гледаат Хадерсфилд и Лас Палмас, ама кој го врти денов. Ќе го искористиме да го најавиме уживањето кое престои. Во четврток сите на стадион.

Како ќе игра Зенит против Вардар

По слабата сезона лани кога ја загуби трката за титулата во Русија, Зенит во новата сезона влезе освежен со многу нови играчи и со тренер кој им донесе нешто што им фалеше. Мирисот на Аргентина им најавува трофеи сезонава.

Излегуваат коефиценти за Вардар - Зенит

И покрај фантастичните игри на “црвено-црните“ сезонава, букмејкерите го сметаат Вардар за тотален аутсајдер против рускиот гигант Зенит. Но тоа сигурно им одговара на момците на Чеде Јаневски кои така беа потценети и против Фенербахче.

Популарни цени за карти за Вардар во Лига Европа

Љубителите на фудбалот во земјава ќе можат во живо да ја следат фудбалската есен на Вардар со блок карти по мошне популарни цени. Има и поединечни влезници за секој меч посебно.

Кој е рускиот џин кој го засилува Вардар

За Максим Максимов Европа разбра откако се изнадава голови во квалификациите за Лига Европа во дресот на анонимниот литвански прволигаш Тракаи кој играше против Шкендија во третото коло.

Што го чека Вардар во Лига Европа

Многумина очекуваа клубови од поблиски градови ширум Европа, со цел полесно да се режира евентуално гостување, а Ерик Абидал извлече далечни дестинации. Што е тука е, Вардар го очекува убава фудбалска есен.

Вардар - скромна фудбалска поезија

Сè што можеше да тргне наопаку им се случи во шест европски натпревари. За Малме беше досуден непостоечки пенал, во Копенхаген примија гол во 57-ма секунда, а другиот беше автогол. Со Фенербахче Грнчаров доби црвен картон, тренерот си замина во сред квалификации, а медиумите пишуваа за заминување на Самсоненко. Во ниту еден момент фудбалерите не паднаа, ниту бараа изговор, а имаа многу материјал за да изградат алиби, пишува sportclub.rs

Роберто Манчини и Зенит доаѓаат во Скопје на 14 септември

Само 20 дена има Вардар за средување на впечатоците, па спремање, тренирање, концентрирање, а можеби и носење на уште некое засилување пред најголемиот предизвик во нивната историја. Лига Европа почнува брзо.

Моментот кога Абидал го извлече Вардар

Сајтот на УЕФА денеска во 13 часот беше отворен од илијадници Македонци кои цупкаа во место и со нетрпение ги чекаа противниците на Вардар во нивната прва историска ждрепка во фазата по групи за ЛЕ. И како за беља, ние на крај за да биде уште повеќе тензично. Поранешниот фудбалер на Барселона го смести Вардар со незгодни противници од Русија, Шпанија и Норвешка. Има да се изнапатуваат.

На Вардар му се падна шкарт група

Во некои други времиња, ќе молевме да ни се паднат полесни противници. Ама еден ден по елиминацијата на Фенербахче, ќе беше фер да ни се падне да прегазиме некој како Милан или Арсенал.

Џентлменот Чеде Јаневски

Навивачите на Вардар му скандираа „Чеде мајсторе“ на аеродром, но тој посочи со прстот накај автобусот и им кажа дека успехот не е негов, туку на играчите. Само големи луѓе го прават ова.

Како беше во соблекувална

Откако ќе елиминираш тим со вкупни 4:1, кој има 19 титули и буџет од 150 милиони евра, а дел си од македонска лига, имаш право гол да се шеташ низ град. Капа доле момци, не само што го одбранивте резултатот, туку ги попаривте и таму. Ова е најзаслуженото славје што може да постои.

Чудо на Босфор - Вардар е летен европски хит

По величењето после првиот дуел во Скопје, медиумите од регионот уште еднаш го истакнаа резултатот на Вардар кој овој пат му приреди шок на Фенербахче среде Истанбул. Сензацијаtа е факт, пишува еден бугарски медиум.

Комитите со оро и песна среде Истанбул

24 август 2017-та ќе се раскажува цел живот меѓу навивачите и симпатизерите на Вардар. Треба да потсетиме што се случи? Фенербахче - Вардар 1:2 или in your face.

Грне е вистински капитен

Доби црвен картон на првиот дуел во Скопје, но сепак полета со нив да им даде поддршка од близу. Прав капитенски потег на Бобан Грнчаров кој испишувањето на македонската фудбалска историја го прослави заедно со своите колеги - херои.

Вардар е во Лига Европа!

Со херојски настап во срцето на Истанбул, против моќниот Фенербахче, фудбалерите на Вардар одиграа фантастичен меч, славеа 1-2 и со вкупен резултат 4-1 одат во Лига Европа, елитното друштво каде првпат ќе игра македонски претставник.

Кој рече дека ќе нема Комити во Истанбул

Со четири автобуси и неколку автомобили најверната навивачка група на Вардар синоќа го фати патот за Турција. Поводот е огромен и ретко се пружа ваква шанса, да се патува на гостување со предност од 2:0 кои треба да се одбранат во вторите 90 минути, за да се испише историја.

Фенербахче испаѓа редовно кога губи прв меч

Пред мечот против турскиот гигант, на Вардар во прилог му одат неколку нешта меѓу кои и тоа дека во последните 19 години Фенербахче дури 27 пати испаднал кога го изгубил првиот меч во квалификациите за евро-куповите.

25 години од првиот фудбалски меч во самостојна Македонија

Денешниот датум 23-ти август важи за историски ден во македонскиот фудбал бидејќи беа удрени темелите во првата македонска лига и тоа веднаш со дерби. Победа во Прилеп го пречека Вардар кој предводен од Ѓоко Хаџиевски не успеа да ја оправда фаворитската улога.