Во табелата која ја покажува вредноста на сите 48 екипи од Лига Европа може да се забележи дека Вардарци не се на последното место. Таму се наоѓа Скендербег кој тежи 5,69 милиони фунти. Албанците до групна фаза стигнаа откако во плејофот го елиминираа Динамо Загреб.
Втор клуб со најлама вредност е Остерсунд од Шведска кој вреди 7,25 милиони фунти. Тие имаа слични маки како Вардар за да стигнат до фазата по групи и исто така се соочија со турски гигант кој се вика Галатасарај. Потоа во плејофот успеаа да го минат и ПАОК.
Третата позиција од позади Вардар ја дели со Злин. Македонскиот и чешкиот клуб имаат иста вредност од по 8,96 милиони фунти, а потоа следува Шериф од Молдавија со 8,98 милиони фунти. Во нашата група Зенит вреди 12 пати повеќе од Вардар, а Реал Сосиедад 15 пати повеќе.