Во пресрет на историскиот прв меч во групна фаза од евро-натпреварување, парадоксално, од надвор дознаваме за работи кои ги поседува „Филип Втори Арената“ а за кои никој не се огласил јавно.
На официјалната Твитер сметка на Зенит од Санкт Петербург попладнево објавија дека „Првпат ќе играат на стадион кој поседува систем за определување на голот“. Нам ни останува само да нагаѓаме дали е тоа системот VAR - најмодерната видео-технологија која што почна да се употребува и на Купот на Конфедерации и во неколку други првенства (во Италија веќе се свирнати неколку пенали по судиско прегледување на спорните моменти) или пак класичното проверување дали е гол кога има спорен момент на гол линија.
Важная новость: сегодня впервые сыграем на стадионе, где установлена система определения гола 😮
— ФК «Зенит» (@zenit_spb) September 14, 2017
На матче ожидается до 20 тысяч зрителей. pic.twitter.com/XrRoZMvTCV
Штом Зенит, клуб којшто го поседува можеби најмодерниот и најскап нов стадион во Европа, излегува со вест за која вели дека е важна и пишува дека првпат ќе играат на ваков стадион тоа подразбира дека скопската „Телеком Арена“ поседува нешто ултра модерно. Дали таа технологија со камери останала од Супер Купот или пак во меѓувреме е монтирана ни останува да гатаме затоа што во ФК Вардар ни кажаа дека „не знаеле што е тоа“ и дека ќе нè информираат. штом дознаат.
За тоа време кружи приказна дека гол-технологијата е инсталирана пред 3 дена за што дошле официјални лица од УЕФА. Еве како изгледа целосната инсталација на овој систем од германско производство: