На Вардар му се падна шкарт група

Во некои други времиња, ќе молевме да ни се паднат полесни противници. Ама еден ден по елиминацијата на Фенербахче, ќе беше фер да ни се падне да прегазиме некој како Милан или Арсенал.

На денешната ждрепка во Монако кога дојде ред да се извлекуваат екипите од четвриот шешир каде беше Вардар, ни се потеа рацете.

Не зезајте, ова е прв пат во историјата да чекаме противници во групна фаза во второто по ранг клупско европско натпреварување.

Се бараше барем едно позвучно име. Зенит е јак, ама имаше и поатрактивни противници. Овие не се меѓу најатрактивните, ама се незгодни.

ГРУПА А: Виљареал, Макаби Тел Авив, Астана, Славија Прага

ГРУПА Б: Динамо Киев, Јанг Бојс, Партизан, Скендербег

ГРУПА Ц: Брага, Лудогорец, Хофенхајм, Башакшешир

ГРУПА Д: Милан, Австрија Виена, Ријека, АЕК

ГРУПА Е: Лион, Евертон, Аталанта, АПОЛОН

ГРУПА Ф: Копенхаген, Локомотив Москва, Шериф, Злин

ГРУПА Г: Викторија Плзен, Стеауа Букурешт, Хапоел Бер Шева, Лугано

ГРУПА Х: Арсенал, БАТЕ Борисов, Келн, Црвена Звезда

ГРУПА И: Салцбург, Олимпик Марсеј, Виторија, Кониаспорт

ГРУПА Ј: Атлетик Билбао, Херта, Зорја, Остерсунд

ГРУПА К: Лацио, Ница, Зулте Варегем, Витезе

ГРУПА Л: Зенит, Реал Сосиедад, Розенборг, ВАРДАР

Прво коло: 14 септември
Второ коло: 28 септември
Трето коло: 19 октомври
Четврто коло: 2 ноември
Петто коло: 23 ноември
Шесто коло: 7 декември

Финалето се игра во Лион на 16 мај.

25 август 2017 - 13:40