Сајтот на УЕФА денеска во 13 часот беше отворен од илијадници Македонци кои цупкаа во место и со нетрпение ги чекаа противниците на Вардар во нивната прва историска ждрепка во фазата по групи за ЛЕ. И како за беља, ние на крај за да биде уште повеќе тензично. Поранешниот фудбалер на Барселона го смести Вардар со незгодни противници од Русија, Шпанија и Норвешка. Има да се изнапатуваат.