Таг: документарец

Нов документарец за љубовта меѓу Коен и неговата Мериен

Во 2016, по повод смртта на Мериен Илен, долгогодишната придружничка на Леонард Коен, тој ѝ напиша трогателно писмо, кое ја потсети јавноста на нивната врска. Можеби токму тоа било инспирација за режисерот на новиот филм, под наслов „Зборови на љубовта“.

Десет години немир, документарец за патот до брегзит

Норма Перси жената која е зад документарецот од 1995, „Смртта на Југославија“, и уште дузина слично сериозни дела, на Би-би-си го објави својот нов документарец за тоа како Британија стигна до брегзит. Документарната серија од 3 епизоди почнува со тоа како Дејвид Камерон доаѓа на власт.

Коски и камења: експерименталната музика на Џеф Џерман

Како да се победи суровоста на времето што минува? Со тоа што ќе се биде присутен во моментот, слушајќи го сето она што се случува околу нас, фучењето на автомобилите, тропањето на нечиј чекан врз штица, далечна смеа на луѓе излезени пред дуќан на цигара.

„Девојките на Златна зора“ (2017)

Норвешки документарец за парламентарните избори во Грција од 2015, кога екстремно десничарската Златна зора беше трета по број на гласови. Но повеќе од тоа, ова е филм за женските ликови во приказната, моќни и целосно предадени на каузата.

Почина авторот на деветчасовниот „Шоа“, антологискиот документарец за холокаустот

Клод Ланцман бил писател, новинар, бивш на Симон де Бовоар, но ќе биде запомнет како автор и режисер на „Шоа“ од 1985.

Џез легендите како културни амбасадори за време на Студената војна

Дизи Гилеспи, Луј Армстронг, Бени Гудман. Сите тие биле дел од напорите на владата на САД за културна дипломатија за време на Студената војна. Иако работите не се одвивале секогаш мазно.

Документарец за свадби без невеста и зет

Прекрасна можност за оние кои не можат да се одлучат да рипнат во тавче заради стресот од целата церемонија. Има и начин да стапиш во брак без воопшто да бидеш присутен на сопствената свадба. Додуше во моментов не и кај нас.

„Мојата генерација“: сер Мајкл Кејн сними документарец за ’60-тите

„Е деца, у мое време..“. Кејн ги има и годините и харизмата за вака да ги почнува речениците. И реално да има што да раскаже. Оттаму и не е чудно што решил да сними филм на оваа тема.

„Дамите имаат предност“ (Ladies first, 2018)

Краток документарец чија премиера на Нетфликс се случи на 8 март, зборува за некогашната светска шампионка во стреличарство и нејзината неверојатно инспиративна приказна. Во која дамите немаат секогаш предност.

„Уште еднаш со чувство“ (One More Time With a Feeling, 2016)

Има еден момент во овој тежок но убав документарец, снимен откако Кејв го загуби синот Артур, во кој тој зборува за „еластичноста“ на времето по доживеана траума. Како да си врзан со гумена лента за трауматичното искуство, ја влечеш како што Сизиф го туркал каменот, но колку и да успеваш да се оддалечиш од него, во еден миг снеможуваш и лентата те катапултира назад. И потоа, од почеток. Филмот, и албумот на чиешто снимање е посветен, е такво ризично играње со катапултот на емоциите, при што секој си ја влече својата лента.

„Човекот-делфин“ (2017)

Нов документарец за човекот кого го памтиме од „Големото синило“ на Бесон - нуркачот Жак Мајол, кој наскоро ќе биде прикажан во рамки на Македокс и во Македонија. 

„Проектот Ним“ (2011)

Документарец кој го следи животот и делото на шимпанзо по име Ним Чимпски, кој заради научен проект е растен како човечко дете. На крајот од мачната приказна излегува дека таа е повеќе за луѓето околу него, кои се вистинските „мајмуни“.

Документарецот за Баерн Минхен

Од претседателот на Баерн Минхен па се до еден верен навивач на овој клуб од фавелите во Рио - документаркава има 13 ликови од 9 земји кои објаснуваат што значи „Mia san Mia“ феноменот. Трае саат и пол и секоја сцена вреди внимание.

Нетфликс ќе снима серија за Јувентус

Во морето квалификациски натпревари последниве денови подзаборавивме на клупскиот фудбал, па како шлаг на торта дојде најавата од Нетфликс.

Луѓе како нас

Што прават луѓе како нас? Пишуваат и зборуваат на мобилен додека возат кола. Да, ама тоа другите, не ние. Документарецот „It's People Like Us“ на оскаровката Ева Орнер покажува дека тоа "другите" не постои, туку дека сите го прават тоа, и претежно без да знаат.

Букбокс гледаше на Македокс: „Avec l'amour" (2017)

Не се сеќавам кога последен пат сум присуствувала на искрени стоечки овации по завршување на проекција, а камоли да се работи за документарец. Ама и тоа се случи, на домашната премиера на овој во основа неамбициозен, но крајно „фил гуд“ македонски филм, правен со многу љубов. И ова не е лажна вест.

Џим Кери сними документарец за неговото ново хоби - сликањето

Неколку години нема снимено филм, и иако неодамна се појави во споредна улога во The Bad Batch скоро никој тоа не го забележа, а тој самиот ги одби сите понуди да учествува во промоцијата на филмот. Но што правел во меѓувреме?

Како Реган ги постави основите за доаѓањето на Трамп

Реган шоу е нов документарец на тема Роналд Реган, но не за неговото претседателството, туку како Реган ја одглумил улогата на претседател и целиот апаратус за односи со јавноста што го ангажира за "внимателно кореографираниот лик да се пренесе и продаде на американскиот народ".

Документарецот што само ја замрси дебатата околу ГМО

Може не е главна порака, ама уденува важна поента: за науката за храна активистите што се противат на безбедноста на ГМО храната се еквивалент на луѓето што веруваат дека земјата е рамна.

Нов документарец за човекот кој само еднаш го играл 007

Џорџ Лejзенби не е баш име кое некој од нас го поврзува со улогата на 007. Но тој си е самиот виновен - по првиот снимен филм одбил милионски договор за уште шест продолженија, затоа што некој го советувал дека „со Бонд е завршено“.

Емотивен расказ за лавовската битка на Рио Фердинанд

БиБиСи сними документарец во кој некогаш најдобриот стопер во Европа и капитен на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација раскажува колку му се сменил животот по смртта на неговата сопруга Ребека после што останува сам со трите деца.